Благодариме Данска, во втората фаза пренесуваме два бода
Со големо нетрпение го очекувавме расплетот на мечот Данска - Чешка со кој што заврши групната фаза во Хернинг. Победата на данската репрезентација ни беше добредојдена, бидејќи пренесуваме два бода во наредната фаза (33:29). Мечот беше дуел на титаните, Хансен против Јиха и инвидуалните квалитети на овие два ракометари во многу нешта го одредоа текот на мечот.
Од првата до последната минута данците водеа, но и чесите имаа свои моменти. Како да се играше без одбрани, па првиот дел заврши со 21:17 со одличен Грин на голот, Хансен кој даде неколку евро-гола и Каспер Мортенсен како изненадување. Звездата на ПСЖ постигна 4 гола кога се кршеше резултатот, а асот на Кил одговори со 5 гола во првиот дел. Во продолжението Грин собра 8 интервенции, одличен беше крилото Свен Хансен, а само Јиха и неговите вкупни 11 гола не беа доволни да се избегне поразот. Сепак колективната машина на Улрик Вилбек беше преголем залаг за чесите. 6 гола на Линдберг, 5 на Мортенсен, по 4 на Хансен, Кристијансен и Сондергард, плус вкупно 14 одбрани на Грин и Ландин. Тоа е начинот на кој црвено-белите пак ги израдуваа своите 14.000 гледачи во „Јуске Банк Боксен„ арената во Хернинг. Ние на сето тоа можеме само да им кажеме - Благодариме...