Франција и Шведска со победи за место во ТОП 12
Очекувани расплети во последните два натпревари од второто коло. Шведска во групата Д во Копенхаген, лесно славеше против Белорусија со 30:22, па заедно со Хрватска од оваа група веќе обезбедија место понатаму. Не помогнаа ниту 13 погодоци што ги постигна Сергеј Рутенка.
Дуелот на Атман и Станиќ за русинот
Русија и се реваншира на Србија за поразот во московското предградие во прептпоследниот меч од квалификациите за пласман на европското првенство (27:25). Во меч во кој главна звезда беше голманот Вадим Богданов со 17 интервенции, дури 4-5 ракометари од македонското првенство учествуваа во овој дуел. Павел Атман со 5 гола и 5 асистенции беше главна играчка „виолина„ на зборнаја.
ВИДЕО: Шоуто на Лазаров против Чешка на дланка
Мечот со Чешка е еден од најдобрите настапи на Кирил Лазаров во дресот на македонската репрезентација на големите приредби. Иако се сеќаваме на уште неколку историски партии, овој меч по оној со Данска во Белград е меч со најголем број на голови на нашиот капитен на европските првенства.
Реми во групата скоро редовно носи квалификација
Ако треба да се верува на традицијата на суеверието, тогаш скоро секогаш кога сме одиграле нерешено во групната фаза на едно големо натпреварување сме ја минувале групната фаза. Да се надеваме дека таков предзнак е и нерешениот резултат (24:24) со Чешка вчера.
ВИДЕО: Митков: „Австриските крила се многу опасни„
Еден од нашите ракометари кој добро ја познава репрезентацијата на Австрија е Влатко Митков. Не само заради тоа што настапува во нивната лига, туку и заради тоа што е клубски другар со тројца австриски репрезентативци: „Мислам дека многу напредувале и дека се посилни за разлика од нашите претходни две средби во баражот за светското првенство во Шпанија. Посебно треба да внимаваме на нивните крила кои брзо се трансформираат од одбрана во напад и можат да бидат многу незгодни„ рече штипјанецот на вчерашната средба со медиумите.
ВИДЕО: Стојчески: „Утре ќе знам дали препоната е скината„
На денешниот тренинг Филип Миркуловски нормално тренираше и неговиот настап против Австрија не е доведен под знак прашалник. Но за жал потврдени се стравувањата околу повредата на препоните на Никола Стојчески. Организаторот на нашата игра сигурно ќе одсуствува, а би било најдобра дијагноза ако не се потврди кинење на препоната:
Француски судии за клучниот меч со Австрија
Европската куќа на ракометот ги делегираше судиите за петтиот ден на континенталниот собир. Француските судии Тјери Денц и Денис Рибе ќе ја делат правдата на мечот со Австрија.
ФОТО: Данскиот печат за драмата и спектаклот на Лазаров
Со термините за голема драма и извонреден Лазаров, данските медиуми денес се осврнаа на вчерашниот меч на македонската репрезентација со Чешка. Иако не беше одделен голем простор за вториот меч во А групата, сепак покрај извештајот и фотографиите на Лазаров, се напоменува дека Македонија испуштила шанса за победа, но дека и во еден момент Чешка имала шанса за пресврт.
ФОТО: „Фалангата„ во посета на Копенхаген
Нашите навивачи во Данска собираат енергија за клучниот меч од првата фаза кој ќе го играат утре од 18:15 часот против Австрија. Утринава голем дел од нив заминаа за Копенхаген на еднодневна посета и прошетка низ главниот град на Данска. Во организација на Сашо Петревски - данецот, кој повеќе од 30 години живее во Данска и е голем пријател и со нашиот репрезентативец Кирил Лазаров, тие имаа можност за разгледување на градот.
Без Никола Стојчески против австријците
Уште синоќа можеше да се наговести дека Никола Стојчески ќе се бори со времето за да се опорави од повредата на препоните и да настапи против Австрија. Но на престојниот одлучувачки натпревар за пласман во следната рунда натпревари дефинитивно ќе настапиме без ресенчанецот.