Македонија доби мундијалска група со Аргентина, Холандија и Норвешка
Македонските ракометари ќе имаат бурен јануари, затоа што добија непредвидлива група за Светското првенство во Полска и во Шведска. Денешната ждрепка во Катовице ги смести „црвено-жолтите" повторно во Краков, во конкуренција на Норвешка, Аргентина и на Холандија.
Турција надиграна, македонските ракометари на чекор до полуфинале на Медитеранските игри
Македонија - Турција 31:22 (13:12)
Македонската ракометна репрезентација која е дел од Медитеранските игри во Алжир, славеше со 31:22 против Турција и остана со шанси за второто место во групата, кое води во полуфиналето.
Шпанија пресилна за младата Македонија, прв пораз на МИ во Оран
Македонија - Шпанија 22-31 (8:14)
Во третиот натпревар на Медитеранските игри во Оран, македонската машка ракометна репрезентација доживеа убедлив пораз во дуелот против селекцијата на Шпанија.
Македонија промаши пенал за победа против Алжир, но покажа зрелост и карактер
Алжир - Македонија 24:24 (15:15)
Ракометната репрезентација на Македонија на Медитеранските игри во Алжир одигра многу интересен и крајно неизвесен меч против домаќинот Алжир, кој на крајот заврши нерешено 24:24 (15:15).
Лазаров: Ме радува што ја завршив кариерата на највисоко ниво!
Освои 18 шампионски титули во четири различни земји, 19 национални купови, Лигата на шампионите, најдобар стрелец е во ракометната историја и прв играч кој станал најдобар стрелец на Европски и Светски првенства. За репрезентацијата на Македонија, со која беше на 14 големи натпреварувања, одигра 236 натпревари и постигна 1728 голови. Фигура и легенда која тешко некој ќе го надмине. Неговото име е големиот Кирил Лазаров, најголемата спортска икона на својата земја.
Убедлив старт на Медитеранските игри, Македонија на Лазаров ја разби Грција!
Македонија - Грција 39:21 (20:13)
Најдобрата македонска репрезентација во својот прв натпревар на Медитеранските игри во Оран, Алжир, триумфираше убедливо над Грција со 39:21. Момците на Лазаров играа полетно и атрактивно и до врв ја наполнија грчката мрежа.
ФОТО: Лазаров неприкосновен стрелец во Европа во модерната ера!
Македонската ракометна легенда, Кирил Лазаров стави крај на кариерата, а според бројките може да се заклучи дека е најдобар стрелец во Европа во последните дваесет сезони.
Македонија од вториот шешир ја чека мундијалската ждрепка
Македонската машка ракометна репрезентација на втори јули ќе ги дознае противниците во групната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска во 2023 година. Во главна улога ќе бидат поранешните ѕвезди Славомир Шмал и Магнус Висландер кои ќе бидат задолжени за извлекувањето.
Лазаров ги избра шеснаесетте патници за Оран
Селекторотот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров ги одбраа шеснаесетте ракометари што ќе настапат на Медитеранските игри во Оран, Алжир.
Лазаров: Горд сум на постигнатото и чест ми е што играв во Нант и Франција!
Поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез и неговите играчи не дозволија волшебно збогување од активното играње на Кирил Лазаров. Македонскиот репрезентативен капитен пред само два дена се збогуваше од публиката во Нант, па очигледно финалето со ПСЖ дојде и пребрзо за него и неговите соиграчи.