Македонската федерација побара одлагање, кое експресно беше одбиено
![]()
Вечерва околу 20 часот, експедицијата на македонската ракометна репрезентација пристигна во Барселона и веднаш се смести во својот хотел без да го одржи предвидениот тренинг.
Србија - Шпанија најзвучно осминафинале
![]()
Со одигрувањето на последните мечеви од групната фаза, веќе се знаат и сите осминафинални парови. По поразот од Словенија, европскиот вицешампион Србија налета на Шпанија, која ја загуби битката за првото место во групата од Хрватска.
ФОТО: Со Автобус и чартер воз до Барселона
![]()
Иако планираа уште во раните утрински часови да се упатат во Барселона, делегацијата на македонската ракометна репрезентација исто како и Исланд, преку автобус до Кордоба и потоа со чартер воз, патува до Барселона.
ФОТО: Ликот на исландскиот селектор кажува многу работи
![]()
Како никогаш цела една недела натпревари во Б групата на Светското првенство во Севиља, прес-центарот не бил така исполнет како за време на вчерашниот натпревар, меѓу Франција и Германија. Додека Катар и Исланд привршуваа во „Сан Пабло„ арената, мислите на скоро сите беа свртени кон натпреварот во Барселона.
Дефинирани четири осминафинални парови
![]()
Со завршувањето на натпреварите во А и Б групите кои се вкрстуваат меѓу себе за осминафиналните парови, полека се кристализираат паровите за првите нокаут натпревари.
ВИДЕО: Митревски: „Оваа репрезентација е на вистинскиот пат„
![]()
По Борко Ристовски и неколку години помладиот Николче Митревски, од натпревар во натпревар созрева и веројатно во него нашата земја добива голема сигурност на голот. И покрај поразот од Данска, битолчанецот не тагуваше, напротив, веднаш со мислите се насочи кон Германија.
ВИДЕО: Фалангата ги пакува куферите
![]()
Некои со авион утринава, вечерва или утре изутрина, некои со брзите возови на шпанската железница, кои патуваат од 5 до 7 часа за Барселона, а некои директно од татковината од Софија, или преку Бергамо или Базел. Тоа се сите комбинации на македонската ракометна „Фаланга„ која се сели во Барселона.
ВИДЕО: Бошковски: „Да не заборавиме дека германците се младински светски прваци„
![]()
Иако првите коментари околу нашиот противник во осминафиналето се еуфорични, првиот помошник на селекторот Андон Бошковски ја смирува атмосферата.
ВИДЕО: Ангеловски: „Време е да им наплатиме на германците„
![]()
Од трагичниот пораз на Пелистер од Лемго во минатиот век, до начинот на кој Вардар Про беше елиминиран од Магдебург пред само неколку месеци. Преку исклучувањето на капитенот Лазаров во Вараждин и спорниот гол во Ниш. Се се тоа нашите тажни приказни против германските клубови или репрезентации.
ВИДЕО: Филип Лазаров: „Како турнирот тече, така сме се посилни„
![]()
Во своето најдобро издание на првенството, Филип Лазаров со пет гола даде голем придонес нашата одлична партија против европскиот првак.




