ВИДЕО: Карабатиќ: „Фаворити не сме ние, фаворити се хрватите„
![]()
По турболентната 2012 година, Никола Карабатиќ лидерски ја поведе репрезентацијата на Франција до победа во осминафиналниот меч со Исланд. Сепак, некогашниот најдобар ракометар на светот не смета дека неговата репрезентација е главен фаворит за златото. „Зошто ние? Ние не сме главни фаворити. Таа улога е за хрватите. Тие ја добија Шпанија во мечот за првото место, а ние загубивме од Германија.
ВИДЕО: Бараше: „Македонија има голем прогрес, Лазаров е фантастичен„
![]()
Еден од ракометарите од новиот бран во Франција, Ксавиер Бараше од пред неколку месеци е клубски другар на Кирил Лазаров во Атлетико Мадрид. Осминафиналниот меч со Исланд го виде многу тешко и израмнето.
ВИДЕО: Абало: „Обожавам големи натпревари„
![]()
Еден од најценетите ракометари во модерното време, звездата на ПСЖ Лук Абало не ја прославуваше многу вчерашната победа над Исланд заради тоа што за него и за Франција тоа е само една нормална победа. И кога играат на мали бројки, па и кога примаат 28 гола како против Исланд, триколорите победуваат.
ВИДЕО: Константини: „Ја сакам вашата пасија кон овој спорт„
![]()
Еден од највлијателните луѓе во светот на модерниот ракомет сигурно е Даниел Константини. Со неговиот лош англиски, моравме на автентичен француски да ги дознаеме неговите ставови поврзани со Македонија и нашиот национален тим во ракомет.
ВИДЕО: Анкетил: „Без одбрана и само со Лазаров, не се победува Германија„
![]()
Легендарниот француски ракометар од минатата деценија, а сега стручен коментатор за францускиот CANAL+ Грегори Анкетил за нас го анализираше вчерашниот натпревар со Германија.
ФОТО: Доручек со Абало и правец за Скопје
![]()
Последниот ден во Барселона за нашиот капитен Кирил Лазаров започна со доручек со неговиот бивш колега од Атлетико Мадрид и голем пријател Лук Абало. Двајцата имаа серија на прекрасни моменти во дресот на шпанскиот клуб. Сега имаа половина час да ги прокоментираат осминафиналните мечеви играни вчера.
ВИДЕО: Македонските новинари го анализираат првенството
![]()
Веќе со години наназад новинарите Марјан Ников (ТВ Сител) и Ристе Ѓамовски (Македонски Спорт) детално ги следат ракометните збиднувања во нашата земја и пошироко. Така веднаш по нашата елиминација го чувме и нивниот став:
ВИДЕО: Шундовски: „Само што започна нашиот процес на реновирање на репрезентацијата„
![]()
Еден ден по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство, селекторот Звонко Шундовски веќе се осврнува кон својот клуб Констанца, а на федерацијата е да ја анализира целата ситуација по овој голем турнир.
ВИДЕО: Кретчмар: „Ви недостига уште еден како Кирил Лазаров„
![]()
Еден од најдобрите крилни играчи на сите времиња Стефан Кречмар, секогаш со многу симпатии говори за нашата репрезентација. Така и по натпреварот со неговата репрезентација беше уште поинтересно да се чуе неговата анализа.
ВИДЕО: Хајнер Бранд: „Ја спречивме играта на Македонија преку пивотмен„
![]()
Дека Германија ништо не препуштила на случајот покажува изјавата на нивниот директор Хајнер Бранд. Бившиот селектор ни открива што било клучот за победата.




