hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Сите репрезентации во Барселона ќе патуваат со воз

voz

Дека Севиља не е најдобро конектирана со летови од скоро сите делови на Европа, научивме уште минатата недела. Дополнителен проблем се климатските услови кои често носат доцнење или одлагање на летовите во овој град заради сеприсутната магла.

Повеќе...

ВИДЕО: Филип Лазаров: „Уживам и да ја гледам и да играм со Данска„

filip za 17

Многу пати до сега сме играле со скандинавските сили и многу често сме заминувале со наведнати глави по средбите. Така исклучоци се само мечевите со Исланд во 2008 и Шведска 2012 година. Филип Лазаров јасно кажа дека ужива да ја гледа Данска:

Повеќе...

ВИДЕО: Шундовски: „Се подготвуваме за данскиот систем, а не за Хансен„

sundo 17

Селекторот Шундовски на денешниот утрински брифинг со новинарите беше видно расположен, но и до најмал детал информиран за данските врлини и маани.

Повеќе...

Данска ни ги одржа опциите за трето место во групата

denmark -iceland

Данска како првопласирана од нашата група ќе го очекува противникот во осминафиналето на Светското првенство 2013 во Шпанија, откако на последниот денешен дуел во Севилја славеше со 36:28 против Исланд.

Повеќе...

ВИДЕО: Вилбек: „Македонија не е само Кирил Лазаров„

vilbek

Иако со првите неколку настапи европскиот првак Данска ја најави својата кандидатура за освојување на светската круна, селекторот на оваа репрезентација Улрик Вилбек е претпазлив.

Повеќе...

ВИДЕО: Мојсоски: „Се спремаме за реванш со данците„

naumce so rusija

Како и тимот, така и плејмејкерот на Металург, Наумче Мојсоски ја подига формата како турнирот изминува. По неколку блесоци со Исланд и Русија од него очекуваме најдобра партија со Данска. Стружанецот не го заборава последното соочување со скандинавците во јануари минатата година во Белград:

„Иако можеби ќе бидат квалификувани и сигурно први, тоа кај скандинавците не игра голема улога. Тие пак ќе ја играат нивната игра, нивниот стил. Ние имаме стари сметки за наплата и сигурно ќе бидеме мотивирани. Ме радува тоа што по неколку бледи партии, конечно како тим одигравме одличен натпревар и тоа психолошки многу ќе ни значи„ Наумче Мојсоски ни откри дека играл под инјекции и дека не е 100% фит, но во вакви ситуации и тоа се заборава.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

ВИДЕО: Петковски: „За голманите не треба да се грижиме„

zoki

Тренерот на голманите Зоран Петковски беше горд на своите пулени на последните два меча, но и генерално на целиот турнир „Македонија не треба да се грижи за својата иднина на голманската позиција.

Повеќе...

ФОТО: Селекторот со семејството ја „снима„ Данска

sundo

И додека репрезентативците по вечерата во хотелот „Барселона Ренасименто„ или се одмораат или покрај малите екрани го следат скандинавското дерби меѓу Данска и Исланд, селекторот Шундовски не пропушта ни најмал детал.

Повеќе...

ВИДЕО: „Мина Божик за вакви подароци„

olg kulesov

Селекторот на Русија Олег Кулешов беше бесен и врз своите ракометари и на прес-конференцијата. Не можеше да го скрие разочарувањето по ремито и не говореше многу.

Повеќе...

ВИДЕО: Митревски: „Растеме во формата на овој турнир„

za nikolce

Ни малку не е лесно да се влезе во натпревар со 5-6 гола негатива и да се извлече тимот од агонијата. Битолчанецот Николче Митревски со 6 одбрани, не остави во живот и посебно откако го „скина„ зицерот на Горбок им овозможи на соиграчите да играат за реми.

Повеќе...