ВИДЕО: Микел Хансен: „Ако играме како во вториот дел, сигурно губиме„
![]()
Големата данска звезда Микел Хансен потфрли на мечот со Унгарија, но колективот со одличното прво полувреме ги покри сите лимити на тимот на Вилбек во продолжението.
ВИДЕО: Егерт: „Не знам дали е нормална работа, но најважно е што сме полуфиналисти„
![]()
Човекот кој го постигна одлучувачкиот гол за да нема дилеми во победата на Данска над Унгарија, Андерс Егерт не даде да биде испровоциран од нашето прашање дека полуфиналето е нормална работа за Данска.
ВИДЕО: Сондергард: „Ландин се инспирира на вакви натпревари„
![]()
На ова големо натпреварување селекторот на Данска, Улрик Вилбек поведе само еден леворак десен бек и Сондергард игра во стилот топло-ладно, но не троши многу топки, напротив, неговите удари најчесто се одмерени во мрежата.
ВИДЕО: Зорман: „Сами си рековме дека мораме да го подобриме шестото место од Србија„
![]()
Со професорска игра ракометарот на Киелце од Полска, Урош Зорман и против Русија демонстрираше извонредна игра и успеа да ја доведе Словенија до првото мундијалско полуфинале.
ВИДЕО: Тофт Хансен: „Менуваме многу и затоа секогаш сме свежи„
![]()
Еден од ракометарите со најголем прогрес е наследникот на Михаел Кнудсен во националниот дрес Тофт Хансен. Беспрекорен во двата правци и пред се одбранбен зид пред Ландин.
ВИДЕО: Богдановиќ: „Македонската јавност треба да е задоволна со овој мундијал„
![]()
Македонската јавност е меѓу најголемите вљубеници во специјализираниот веб портал за ракомет „Balkan-handball„ уредникот Жика Богдановиќ е голем ракометен ентузијаст и за нашиот настап на овој мундијал анализираше:
ВИДЕО: Мика Жвижеј: „Во полуфинале одиме без никаков притисок„
![]()
Еден од најпозитивните во мечот со Русија, беше плавокосиот Мика Жвижеј кој по мечот не го криеше огромното задоволство за пласманот во полуфиналето.
Светскиот првак ја „предаде„ круната
![]()
Светскиот првак нема да може да ја брани титулата. Ракометарите на Франција загубија од Хрватска со 30:23 во последното четвртфинале. Избраниците на Онеста беа апсолутно надиграни од „коцкестите", кои одиграа фантастична одбрана, ги сопреа „експертите„ а во нападот блескаше Домагој Дувњак кој со девет гола беше незадржлив за Тиери Омејер.
ВИДЕО: Шкоф и Прост: „Ние играме со 16 играчи, не како некои со 10„
![]()
Вистински голмански пар кој се надополнува со карактеристиките и квалитетот е токму словенечкиот: Горазд Шкоф и Примож Прост. Првиот супер искусен, вториот млад и полетен. И на овој меч од четвртфиналето започна првиот, а заврши вториот. Кога Шкоф во само 14 минути имаше само една одбрана, во игра влезе Прост и токму тој беше предводник на пресвртот.
Словенија - Шпанија прво полуфинале
![]()
Словенија и Шпанија се првите полуфиналисти на Светското првенство во ракомет. Селекцијата на Шпанија ја совлада Германија со 28:24 во меч со многу емоции и обезбеди место во полуфиналето на мундијалот.




