hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Часар: „Наша шанса се мечевите со Македонија и Австрија„

gabor casar

„Моторот„ на унгарската репрезентација и најдобриот нивни разигрувач Габор Часар за Сител ТВ јасно кажа кои се целите на Унгарија на Лајош Мочаи во оваа четвртфинална група. Со Данска во Скандинавија тешко кој може да биде фаворит, па унгарците со еден пренесен бод од групата во Алборг се во денешниот меч со Македонија и оној во понеделник со Австрија гледаат шанса за бодови и што е можно подобар пласман

Повеќе...

Ристовски: „Зошто да не падне уште една црна традиција„?

makedonija-prv-trening-6

Сигурно со засилен морал по одлични две партии во првата групна фаза и два часовници како играч на натпреварот, Борко Ристовски има нескриен „апетит„ за уште некоја победа до крајот на турнирот. Не го плашат ниту лошите бројки на статистиката, кои велат дека со Унгарија секогаш сме имале проблеми и никогаш не сме ја елиминарале во двомеч или победиле на големите приредби:

Повеќе...

Белоруски судии за мечот со Унгарија

belorusiki sudii

По обичај на нешто под 24 часа пред одигрувањето на мечевите, ЕХФ ги исфрла имињата на официјалните лица. По германски, романски и француски пар, на Македонија ќе им судат белоруси. Имено за мечот со Унгарија, кој за нас значи четврт официјален меч во Данска, делегирани се Гуско и Репкин, кои судеа на само еден натпревар до сега на турнирот.

Повеќе...

Лазаров убедливо прв стрелец по групната фаза

Lazarov

Капитенот на македонската ракометна репрезентација со 27 постигнати гола на првите три меча од А групата на европското првенство е најдобар стрелец на целиот турнир. По 24 одиграни натпревари на целото првенство, само четворица ракометари постигнале преку 20 гола, од кој едниот тука го завршува турнирот. Леворакиот македонски бомбаредер има 27 гола од 51 удар, со процент на реализација од 53%. Лазаров по првите три натпревари од групната фаза во Ниш на последното европско првенство имаше 21 гол на мечевите против Шведска, Германија и Чешка. Тој има и 10 асистенции по првата групна фаза.

Повеќе...

За Србија и Црна Гора првенството заврши

karabatic 6

Последните два натпревари од групната фаза беа кобни за двете репрезентации кои ни беа спаринг партнери пред самото европско првенство. Откако Полска минимално ја совлада Русија, Србија на Матиќ и Периќ беше принудена да ја победи Франција за да остане на турнурот од групата на смртта во Архус. Но психолошката бариера очигледно беше преголема.

Повеќе...

ВИДЕО: Димовски: „Од поразот во Гетеборг од Унгарија, многу научивме„

1016494 472290836208425 584721903 n

Денес македонската репрезентација покрај претпладнето кое главно одмораше, попладнево имаше двојна сесија на подготовка за мечот со Унгарија, со кој утре ја отвораме втората фаза. Најнапред видео материјали од настапот на момците на Мочаи во првите три средби во Алборг, а потоа и тренинг во помалата салата во Хернинг и тоа од 18 часот. Еден од најискусните во нашиот табор Ванчо Димовски се присеќа на последното соочување со Унгарија во олимписките квалификации во април 2012 година во Шведска:

Повеќе...

Начевски и Николов по втор пар судеа на ЕУРО 2014

nikolov i nacevski 2

На македонскиот судиски пар Николов - Начевски им беше доверена арбитражата на одлучувачкиот меч за место во втората групна фаза од Ц групата во Архус, помеѓу Русија и Полска. Тоа беше втора арбитража на скопските судии на овој шампионат по мечот Шведска - Белорусија од второто коло во Копенхаген.

Повеќе...

Магично второ полувреме на Полска и голема „коцкеста„ победа

hrvatska slavlje rukomet getty

Два фантастични натпревари ја одбележаа првата половина од денешната програма, која ги затвора прелиминарните групи на европското првенство. Подмладената Полска на Михаел Биглер се надмина себе си и со серија од 10:2 на почетокот на второто полувреме од - 4, се доведе во ситуација комотно да го приведе мечот со Русија кон крај.А момците на Олег Кулешов одиграа перфектно прво полувреме. 40 годишниот Левшов бранеше фантастично, а Атман разигруваше и погодуваше во ист момент.

Повеќе...

ФОТО: Лазаров ги пречека клубските другари во Хернинг

sp3

Трите репрезентации кои ги освоија првите три места во Б групата која се играше во Алборг од утринава се во Хернинг. Шпанија, Унгарија и Исланд направија преместување по шест дена во Алборг и надежта на секоја од оваа селекција е што е можно подолго да остане во градот каде ќе се играат завршните натпревари.

Повеќе...

ВИДЕО: Како е кога Борко „ќе ја спушти ролетната„

borko-614x400

19 интервенции и плус онаа последната клучна, но откако истече времето за напад на австријците, го прават Борко Ристовски наш херој од мечот со Австрија.

Повеќе...