hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Георгиевски: „Паднавме на физички план пред исланѓаните„

mkd-isl-2

Со поразот на македонската репрезентација од Исланд и теоретски нашиот национален тим не може да биде подобро пласирана од деветтото место. Со шест гола Гоце Георгиевски одигра одличен меч со Исланд и покажа дека турнирот на крилата и не е така лош. Тој жали што и покрај добриот настап изостанаа бодовите кои единствено се бројат:

Повеќе...

ВИДЕО: Андреј Голиќ: „Немате феноменален, но сепак имате одличен турнир„

SDC17563

Бившиот француски репрезентативец а сега успешен ракометен менаџер, меѓу другото и на нашиот Кирил Лазаров, светскиот првак од пред повеќе од една деценија, Андреј Голиќ од пред два дена е во Данска. Иако главна цел му беа контактите и состаноците со неговите клиенти, стигна да ја следи Хрватска во Архус против неговата Франција, а вчера беше во Хернинг за мечот на Македонија со Исланд:

Повеќе...

Пецаковски со болка во коленото

mak-isl-7

Дали европското првенство за Дејан Пецаковски е завршено? Битолчанецот при еден пад во првото полувреме од мечот со Исланд, почувствува неприродно движење на коленото и подоцна не влезе во игра. Првите неколку впечатоци се дека не е ништо сериозно, но прашање е како коленото кое неколку пати е повредувано ќе реагира на евентуален нов напор.

Повеќе...

ВИДЕО: Манасков: „Физички не бевме како исланѓаните„

danska-makedonija-14

Автор на пет гола, младото македонско крило Дејан Манасков, посебно во второто полувреме кога ги реализираше сите седмерци, ја оправда својата партија и заработи висока оценка. Но поразот не може целосно да го задоволи и самиот ракометар на Металург знае дека како турнирот одминува така нашата репрезентација ќе биде поуморна и потешко ќе игра:

Повеќе...

Данска без грешка во полуфиналето

melgard

Данска - Унгарија 28:24 (14:11)

Актуелниот европски првак подобро го почна мечот и поведе со 4:1 со одлична игра на Каспер Сондергард. Унгарците реагираа и Барна Путич и Габор Часар го принудија данскиот селектор Улрил Вилбек на тајм-аут при 6:6 во 14 минута. Пак Никлас Ландин беше клучниот фактор што домашната репрезентација го фати посакуваниот ритам. Хансен и Могенсен погодија во половина минута, а ударот на Часар од седум метри данскиот голман и голманот на Рајан Ловен Некер го одбрани.

Повеќе...

ВИДЕО: Ристовски: „Одлучи нивната подобра ротација„

mak-aut-11

По минималниот пораз од Исланд, голманот Борко Ристовски кој имаше двоцифрен број на интервенции ја знае причината за поразот и не е незадоволен од одиграниот меч на соиграчите:

Повеќе...

Шпанија со „ветер в грб„ скоро во полуфинале

aginagalde 5

Австрија - Шпанија 27:28 (12:14)

Многу изедначено се одвиваше целото прво полувреме во мечот на Австрија и Шпанија. Иако светскиот првак преку Ривера и Канељас поведе со 3:0, австријците брзо се вратија во мечот. Бразилецот со австриски пасош Сантош и Херман го вратија тимот на Јоханесон во нерешен резултат, а Силаги во 21 минута им донесе и прво водство на австриците. Дури и подобар впечаток оставија белите, се додека Каденас ги врати во игра Канељас и Раул Ентрериос.

Повеќе...

Ангеловски: „Евтино ја продадовме националната гордост„

mak-isl-9

Меѓу најразочараните ракометари од поразот од Исланд беше Бранко Ангеловски кој го „отвори срцето„ по мечот со Исланд и говореше во микс-зоната. Тој се осврна на целиот процес кој му претходеше на европското првенство, а не само на мечот со Исланд:

Повеќе...

ФОТО: Андреј Голиќ и Филип Гарден на мечот Македонија - Исланд

menadzer

Како и на секој ракометен ден од европското првенство, така и денес голем број познати ракометни фаци, ракометни стручњаци и експерти беа присутни на трибините во Хернинг и Архус. Денес во „Јуске Банк Боксен„ арената, мечот на Македонија со Исланд го следеше менаџерот на Кирил Лазаров, французинот Андреј Голиќ во друштво на француски пријатели и тренерот на ПСЖ, Филип Гарден.

Повеќе...

Веројатно 5 место во групата и 9,10 на шампионатот

mkd-isla 12

По поразот од репрезентацијата на Исланд се поизвесно е дека пласманот на нашата репрезентација ќе биде класифициран во долниот дел од групата од 5 до 12 место. Ако Австрија не направи некое чудо, тогаш оваа репрезентација ќе биде последна шеста во 1 четвртфинална група во Хернинг, а ние ќе го заземеме петтото место.

Повеќе...