Два часовници за Борко, по еден за Кире, Пецак, Миркуловски и „Џомба„
![]()
Како што е обичај во натпреварувањата на ЕХФ по завршувањето на секој натпревар се прогласуваат најдобрите поединци во двете репрезентации. Така во нашиот табор неколку ракометари за спомен на своите добри партии заработија рачен часовник од спонзорите на ЕХФ како играч на натпреварот. Еве ги нашите најдобри поединци на сите шест мечеви:
Очекувана победа на Шпанија против ослабената Македонија
![]()
Европско првенство - 1 четвртфинална група (3 коло)
Македонија - Шпанија 22:33 (12:15)
Со многубројни проблеми со повредени ракометари и без Кирил Лазаров чија што десна препона не издржа, моравме да им се спротиставиме на светскиот првак Шпанија. Дејан Манасков после контра по 35 секунди го отвори резултатот. Звездата на Хамбург, Јоан Канељас со ефектен гол израмни на 1:1 од вториот напад на „црвената фурија„Стоилов од линијата не врати во водство, пред со ист аршин да врати Јулен Агинагалде (2:2). По првите голови на кружни напаѓачи, ред беше на голови од контра на крилата.
Македонија првенството го заврши на десеттото место
![]()
Денешниот расплет во групите во Хернинг и Архус ни го дава пласманот на десеттото место како дефинитивен во класификацијата за ова европско првенство. Поразот од Шпанија и напоредната победа на Русија над Белорусија од 39:33 во Архус, заради подобрата гол разлика ја носи Русија на Олег Кулешов на деветтото, а ние паѓаме на десеттото место.
Шоу на русите и на Ковалев против соседите од Белорусија
![]()
Русија - Белорусија 39:33 (23:17)
Во меч кој наликуваше на тренинг натпревар, Русија си поигра со Белорусија и на својот сосед му го остави фенерот во ТОП 12 фазата. Во меч кој го судеа македонските судии Начевски и Николов, русите многу брзо се одлепија и крилото Скопинцев и непогрешливиот Ковалев, брзо на Русија му донесоа 7:2.
Лазаров за „Ел Мундо Депортиво„: „Шпанија ќе освои медал„
![]()
Еден од двата спортски весници со седиште во Барселона „Ел Мундо Депортиво„ разговараше со Кирил Лазаров кој е единствен наш играч која настапува во ASOBAL лигата, иако во минатото во оваа земја играле и Борко Ристовски и Наумче Мојсоски. Во пресрет на меѓусебниот меч, Лазаров беше дециден: „Шпанија е фаворит. Ја респектираме како светски првак, но ќе се обидеме да одиграме добар натпревар. Плус ќе играме без никаков притисок, бидејќи не сме принудени да победиме. За Шпанија сигурен сум дека ќе освои медал на ова првенство.
Лазаров за DIARIO AS: „Не ме интересира да бидам нај-стрелец, повеќе сакам да асистирам„
![]()
Во своето денешно издание, шпанскиот дневен спортски весник со огромен тираж DIARIO AS објави краток разговор со ракометарот на Барселона и на македонската репрезентација Кирил Лазаров, пред денешниот меч со нивната репрезентација. Лазаров говореше за овој натпревар, но и за шампионатот, за животот во Шпанија:
Лазаров за „Balkan-handball„: „Молчиме заради мир во куќата„
![]()
Во краткиот разговор за специјализираниот ракометен портал „Balkan-handball„ капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, говори за состојбата во репрезентацијата, турнирот до овој момент, натурализацијата на играчи:
Сигурдсон кај Лазаров во Барса
![]()
Според пишувањата на „Ел Мундо Депортиво„ шпанскиот шампион Барселона на лето ќе добие ново големо засилување. Имено каталонците ја завршиле цела работа за доведување на 34 крилен ракометар на Кил, исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон.
Билал Шуман - нераскинливо поврзан со Македонија
![]()
Повозрасните љубители на ракометот сигурно се сеќаваат на брзоногото крило од Сараево, Билал Шуман, кој дел од кариерата во доцните осумдесетти ги помина во дресот на битолски Пелистер. 45 годишниот Шуман сега работи како асистент тренер во данскиот гигант Колдинг, кој игра и во Лигата на шампионите. И додека работи од пред некој ден во нормален тренажен процес со Каспер Хвидт, Јоаким Болдсен, Ларс Јакобсен, Ким Андерсон (во овој момент повреден), Шуман има своја скаутинг програма која ја користат шест репрезентации на европското првенство, меѓу нив и македонската репрезентација.
Лазаров на врвот и по пет натпревари
![]()
Зад нас се 36 натпревари и преостануваат само уште 9 до крајот на европското првенство. По пет одиграни средби на сите репрезентација кои продолжија во втората фаза, капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров сеуште е во водство на врвот на листата на стрелци.




