hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Сигурдсон кај Лазаров во Барса

sigurdson 9

Според пишувањата на „Ел Мундо Депортиво„ шпанскиот шампион Барселона на лето ќе добие ново големо засилување. Имено каталонците ја завршиле цела работа за доведување на 34 крилен ракометар на Кил, исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон.

Барса ја победила конкуренцијата на полскиот Киелце и данскиот Колдинг и го обезбедила фантастичното крило, кое за националниот дрес на Исланд е втор најдобар стрелец по Олафур Стефансон. Претходно Сигурдсон настапувал за германските клубови Рајан Ловен Некер, Гумерсбах и Тусем Есем, за данскиот Копенхаген и минатата сезона за Кил. Неговото доаѓање ќе значи заминување на еден помеѓу Хуанин Гарсија и Мартин Страновски кои играат на неговата позиција.

Share