ВИДЕО: Јоноски: „Да бевме здрави, можевме повеќе„
![]()
Столбот на нашата одбрана Ацо Јоноски ги одигра сите шест меча во Хернинг иако повредата на тетивата му создаваше проблеми и на последните два меча не беше максимално подготвен. Токму здравјето и повредите тој ги смета за главна причина зошто оваа генерација не направи и нешто подобар пласман:
ВИДЕО: Ојлески: „Овој турнир е големо искуство за мене„
![]()
Еден од оние кој треба уште долго да го носи дресот на македонската репрезентација е крилото Гоце Ојлески, кој со два и пол одиграни меча во вкупната минутажа во Данска, се враќа побогат за едно големо спортско и животно искуство:
ВИДЕО: Стоилов: „Оваа генерација може уште подалеку„
![]()
Ако европското првенство во Србија му беше феноменално и неповторливо, Стојанче Стоилов одигра одличен континентален собир и во Данска и статистиката говори дека имаше континуитет во настапите, а добро и заврши со светскиот првак Шпанија. Стоилов смета дека овие ракометари го оставија срцето на теренот:
ВИДЕО: Миркуловски: „Ја разигравме Шпанија во вториот дел„
![]()
Со седум постигнати гола Филип Миркуловски беше играч на натпреварот против Шпанија во поразот од 11 разлика од светскиот првак. Ракометарот на Металург ја превзеде лидерската улога и го одигра својот најпозитивен меч во Скандинавија .
Сигурдсон пред Лазаров на врвот на листата на голгетерите
![]()
Иако не настапи заради повреда против шпанците Кирил Лазаров на високото второ место на листата на стрелците го заврши настапот по втората групна фаза на европското првенство. Само Гудјон Валур Сигурдсон успеа да го мине со 10 гола против Данска и има реални шанси да биде најдобар стрелец, бидејќи има 12 гола повеќе од првиот ракометар кој останува до крајот на турнирот, Јоан Канељас од Шпанија.
Во полуфиналето четирите најдобри селекции
![]()
Преостанаа само уште пет натпревари до крајот на шампионатот. Само најдобрите стигнаа да се борат за одличјата и нема дилеми дека тоа се репрезентаците кои најмногу покажаа и заслужија останат до крајот на турнирот. Само Данска нема ниту еден пораз, а останатите полуфиналисти Франција, Хрватска и Шпанија влетаа со еден пораз во големата четворка:
Хрватска полуфиналист, Данска единствена со шест победи
![]()
Полска - Хрватска 28:31 (15:14)
Данска - Исланд 32:23 (17:13)
Во меч да се биде или не во Архус, Хрватска ја продолжи позитивната традиција во мечевите против Полска и обезбеди полуфинале против домашната Данска на Улрик Вилбек. Полска подобро го отвори мечот и ги разигра скоро сите свои шутери. Погодуваа Јуркиевич и Лијевски за 4:2, а потоа Јурецки и Лучак зголемија на 6:3. Момците на Голужа полека се консолидираа и до полувремето го ловеа водството на противникот.
Шведска ја изненади Франција, Австрија ја победи Унгарија
![]()
Франција - Шведска 28:30 (16:14)
Австрија - Унгарија 25:24 (9:13)
Веќе квалификуваната Франција перфектниот турнир во Архус го подрасипа со пораз против Шведска во меч на двата финалисти на последниот олимписки ракометен турнир. Французите со комплетна ротација од која не беше поштеден ниту Тјери Омејер, од стартот ја наметнаа цврстата одбрана и погодија неколку пати од контранапад преку Гигу и Жоли. Дури девет пати во текот на првото полувреме предноста на „триколорите„ изнесуваше два гола.
Статистика за турнирот на Кирил Лазаров
![]()
Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров го одигра своето второ европско првенство и заедно со олимписките квалификации четврт свој турнир во континуитет од јануари 2012 година. Наместо 6 одигра само 5 натпревари, по вина на повредата на десната препона, заради која играше со таблети против болка на мечот со Исланд, а не тренираше на последните два тренинзи и го пропушти последниот меч со Шпанија.
Репрезентативците утре изутрина „летаат„ за Скопје
![]()
Македонската ракометна репрезентација утре изутрина од 10 часот ќе го има повратниот чартер лет од Билунд до Скопје. Вечерва репрезентативците ќе имаат заедничка вечера, а утре веднаш по доручекот ќе имаат едночасовен пат со автобус од Хернинг до Билунд, па скоро тричасовен лет до Скопје.




