hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Нант и Лазаров во финалето на турнирот во Ван

kire turnir nant

Ракометарите на Нант ќе играат во финалето на турнирот во Ван, а за титулата ќе се борат со данскиот Силкеборг. Екипата на Кирил Лазаров одигра авторитетно како и на „Шпаркасе Купот" и го победи Холстебро со 36-29.

Повеќе...

Нант фаворит за освојување на турнирот во Ван

nant rakomet w

Ракометарите на Нант, каде што настапува македонскиот интренационалец Кирил Лазаров ги продолжуваат подготовките за новата сезона. По овојувањето на „Шпаркасе Купот", вицешампионот на Франција овој викенд ќе одигра два натпревари во рамките на турнир во францускиот град Ван.

Повеќе...

Лазаров и Нант го освоија „Шпаркасе Купот“.

kire sparkase kup

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и неговиот Нант го освоија „Шпаркасе купот", откако во финалето ја совладаа екипата на Веспрем со 34:32. Лазаров како и против Фуксе Берлин, покажа дека ќе биде лидер на својата нова екипа, токму во дуелот против неговиот поранешен клуб, а сега клуб на неговиот репрезентативен другар Дејан Манасков.

Повеќе...

Нант и Веспрем во финалето на „Шпаркасе Купот“, Лазаров одличен против Фуксе Берлин

klajn nant

Ракометарите на Нант, каде што од оваа сезона настапува Кирил Лазаров обезбедија финале на „Шпаркасе Купот" и утре за титулата ќе се борат со екипата на Веспрем, екипата во чии редови оваа сезона настапува Дејан Манасков. Францускиот вицешампион стигна до две победи против Штутгарт и Фуксе Берлин, потврдувајќи дека екипата е во одлична форма неколку недели по почетокот на подготовки.

Повеќе...

Лазаров ги почна подготовките со Нант

NANT NOVAJLII

Македонскиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров официјално денес се појави на првата прозивка на екипата на Нант, неговиот нов клуб. По Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона во Шпанија, македонскиот „бомбардер" се реши за нов предизвик, прифаќајќи преселба во силната француска лига.

Повеќе...

Лазаров пред подготовките во Нант: Едвај чекам да заиграм за мојот нов клуб

kire pozira

Воочи почетокот на подготовките за новата сезона в понеделник, францускиот ракометен клуб Нант за првпат објави фотографија од нашиот Кире Лазаров во клупските обележја. Уште во април минатата година Лазаров потпиша двегодишен договор со Нант и веста за неговото пристигнување во лигата на светските прваци, одекна како „бомба" во ракометните кулоари.

Повеќе...

Лазаров и Нант во Лигата на шампионите дебитираат со ПИК Сегед

nant liga na sampioni

Ракометарите на Нант, каде во новата сезона ќе настапува македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров новата сезона во групната фаза на Лигата на шампионите ќе ја започнат на домашен терен против ПИК Сегед од Унгарија во терминот од 13 до 17 септември. Првото гостување во рамките на групата А, ракомететарите на Нант ќе во имаат во Скопје против европскиот првак Вардар.

Повеќе...

Бум во продажбата на сезонски билети на Нант по доаѓањето на Лазаров

nant sezonski

Новиот клуб на Кирил Лазаров, француски Нант, со големи амбиции ги започна подготовките за новата сезона, а тоа на еден начин го почувстуваа и фановите на клубот, кои веќе ги купија сезонските билети за натпреварите кои следат во идната сезона.

Повеќе...

Тјери Анти е тренер на сезоната во францускиот шампионат

anti nant

Предводникот на францускиот победник на Купот, Нант, Тјери Анти е прогласен за најдобар тренер за сезоната 2016/17 во францускиот шампионат. Предводникот на новата екипа на македонскиот репрезентативен капитен, Кире Лазаров, Анти освои дури 52% од гласовите, кои му дадоа доверба по одличната сезона, осминафиналето на Лигата на шампионите и првиот освоен Куп на Франција во историјата на Нант.

Повеќе...

Петтиот роденден на официјалната веб страница на Кирил Лазаров зачинет со француска верзија

kire sahjt

Пред пет години на интернет просторот се појави првата официјална веб страница на еден наш професионален спортист. Веб страницата на Кирил Лазаров еволуираше, победуваше, се радуваше и тагуваше напоредно со нашиот најдобар спортист.

Повеќе...