Ракометарите со 16 разлика ја декласираа Саудиска Арабија во Белград
![]()
Македонија - Саудиска Арабија 37:21 (19:11)
Македонската ракометна репрезентација ја забележа првата победа на контролните дуели. Попладнево во Белград во натпревар од затворен тип Македонија ја победи Саудиска Арабија со 37:21 (19:11). Селекторот Раул Гонзалес им даде шанса на сите играчи.
Специјална награда од АМС за Кирил Лазаров
![]()
На церемонија на Агенцијата за млади и спорт беа прогласени најдобрите спортисти на Македонија за 2017 година. Ракометарот на Вардар и македонски репрезентативец Стојанче Стоилов е избран за спортист на годината. Наградата најдобра спортиска на Македонија за 2017 година ја доби каратистката Јована Георгиева, која освои бронзен медал на Европското првенство во Коџаели, Турција.
Магијата на кралството на голови на Кирил Лазаров
![]()
Најдобриот македонски ракометар и прв стрелец на последното Светско првенство во Франција, Кирил Лазаров во интервју за „prastanjeuspeha.rs" говореше за текот на неговата кариера, за искуството во Франција и очекувањата од Европското првенство во Хрватска.
Лазаров: Добро е што првенството е пак блиску до Македонија, ќе имаме голема поддршка
![]()
Денес во хотелот „Александар Палас" се собра репрезентацијата на Македонија, која оваа недела ќе се комплетира пред подготовките за Европското првенство во Хрватска. Од денес капитенот Кирил Лазаров е дел од избраните на селекторот Гонзалез и со оптимизам го чека шампионатот.
Нант славеше во Тулуз, Лазаров со пет гола од пет обиди
![]()
Тулуз – Нант 28:34 (15:16)
Во последниот есенски натпревар од францускиот шампионат, Нант заблежа значајна победа на гостински терен против Тулуз со 28:34 (15:16) и го продолжи позитивниот тренд по одличниот ноември и почетокот на декември.
Нант лесно ја прескокна првата пречка во Купот на Франција
![]()
Ланестар - Нант 24:42 (12:20)
Нант ja прескокна првата пречка во Купот на Франција, откако го совлада нисколигашот Ланестер од 24:42 (12:20). Екипата на нашиот Кирил Лазаров обезбеди пласман во осминафиналето на натпреварувањето, кое го освои минатата сезона.
Лазаров одигра одличен меч, но ПСЖ го елиминира Нант од Лига Купот
![]()
ПСЖ - Нант 35:33 (20:17)
И покрај одличниот Кирил Лазаров, Нант е елиминиран од Лига-Купот на Франција, откако вечерва во Париз загуби од ПСЖ со 35:33 со што тимот на Сердарушиќ си обезбеди полуфинале и ja прекината серијата без победа против тимот на Нант.
Раул го скрати списокот на 21 ракометар пред ЕП во Хрватска
![]()
Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го скрати списокот на 21 ракометар за првиот собир од подгоовкит за ЕП во Хрватска, што ќе се одржи на 25 декември 2017 со почеток од 16:30 часот во хотелот „Александар Палас" во Скопје.
Проектот „Ракомет за секое дете“ ги надмина очекувањата
![]()
На почетокот на јули оваа година, пред спуштање на завесата, најдобро организираниот ракометен камп, капитенот на македонскиот национален тим, Кирил Лазаров и неговиот тим го најавија следниот голем проект за развој на македонскиот ракомет, школата за ракомет „Кирил Лазаров 7". Шест месеци подоцна проекциите за отварање на минимум седум школи во исто толку градови се натфрлени и во моментов школата на најдобриот македонски спортист брои единаесет школи со повеќе од 500 момчиња и девојчиња.
Лазаров фантастичен, ПСЖ „украде“ бод од Нант
![]()
Нант – ПСЖ 27:27 (13:15)
Ракометарите на Нант, каде што настапува нашиот репрезентативец Кирил Лазаров, пропуштија можност да го победат ПСЖ во дербито на есента во француската лига, откако Сагосен ги спаси „светците" и донесе реми во интензивен меч (27:27). Лазаров блескаше и постигна пет гола, два од нив кога се „кршеше" резултатот.




