Прелесна победа на Нант, Данкерк недостоен ривал за Куп-победникот
![]()
Нант – Данкерк 31:15 (17:8)
Ракометарите на Нант ја забележаа третата победа по ред во вториот дел на сезоната, откако во првиот натпревар од вториот дел на францускиот шампионат ја декласираа екипата на Данкерк со 31:15 (17:8). Кирил Лазаров не настапи заради повредата, чие што лечење влегува во завршна фаза. Пред дуелот со ППД Загреб во Лигата на шампионите, момците на Тјери Анти не се ни испотија и забележаа една од најубедливите победи во францускиот шампионат сезонава.
Лазаров: Да ги задржиме и да ги надоградиме високите стандарди на организација на кампот (ВИДЕО)
![]()
Стартуваа подготовките за четвртото издание на најдобро организираниот ракометен камп на овие простори, камп на капитенот на македонскиот национален тим и најдобар македонски спортист, Кирил Лазаров.
Седма победа по ред за Нант во Лигата на шампионите
![]()
Кристијанштад – Нант 26:31 (12:13)
Ракометарите на Нант, без услугите на повредениот Кирил Лазаров, извојуваа победа на теренот на Кристијанштад со 26:31 и останаа на второто место во групата А на Лигата на шампионите.
Нант без мака во четвртфиналето на Купот на Франција
![]()
Нант – Сесон Рен 37:16 (16:8)
Ракометарите на Нант обезбедија пласман во четвртфиналето на Купот на Франција, откако пред своите гледачи извојуваа победа против Сесон Рен со 37:16 (16:8). Нашиот интернационалец Кирил Лазаров не настапи, бидејќи ја лекува повредата од натпреварот со Шпанија на Европското првенство во Хрватска. Одлично деби за екипата на Тјери Анти имаше норвешкиот интернационалец Еспер Ли Хансен, кој постигна три гола.
Лазаров: Не ја оставам оваа Македонија!
![]()
Десетина дена по завршувањето на Европското првенство во Хрватска и 11. место на македонската репрезентација, капитенот на нашиoт национален тим, Кирил Лазаров во интервју за Sport1 го анализираше шампионатот, постигнатото и пропуштеното и се осврна на иднината.
Еспен Ли Хансен потпиша за Нант
![]()
Францускиот претставник во Лигата на шампионите Нант по повредите на левата бековска позиција поради проблемите на Оливер Ниокас и Рудолф Фалувеги, доведе нов ракометар.
Македонија ќе игра со Романија во мундијалскиот бараж
![]()
Денес во Загреб беше извлечена ждрепката за бараж-двојките за пласман на СП во Германија и во Данска во 2019 година. Македонија за противник во баражот за пласман на СП ја доби селекцијата на Романија.
Лазаров: Побрзо ќе ја изненадиме Германија, отколку Словенија
![]()
Се доближува почетокот на Европското првенство во ракомет во Хрватска и расте ракометната треска во нашата земја. Во интервју за срспкиот медиум Спортклуб, капитенот на националната селекција зборуваше за предизвикот и противниците во групната фаза.
Честит Божиќ !
![]()
Официјалната веб страница на Кирил Лазаров (www.lazarovkiril7.com) на сите граѓани на Република Македонија, на сите вљубеници во спортот и сите читатели на оваа веб страна им ги честита Божиќните празници, со желба за добро здравје и успех во сите сфери на животот, посебно во спортот.
Одличната Македонија ја освои Бањица и со две победи заминува за Загреб
![]()
Србија – Македонија 29:32 (13:14)
Со победа во Белград против Србија со 29:32, македонската ракометна репрезентација со две победи во пријателските натпревари патува на Европското првенство во Хрватска. Вторпат во историјата ја совладавме Србија на гостински терен.




