hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Нант против ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампионите

f42018

Европскиот вицeшампион и првак на Франција, ПСЖ ќе биде противникот на Нант и Кирил Лазаров во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Повеќе...

Лазаров со четири различни екипи на Ф4 во Келн

kire4f4

Кирил Лазаров пак ќе биде дел од завршниот турнир на Лигата на шампионите, каде ќе носи четврт различен дрес на завршницата во елитата. Капитенот на репрезентацијата пред настапот на Ф4 со француски Нант, Лазаров ја освои ракометната Лига на шампиони со Барселона (2014/15), додека битките за трофеј ги загуби со Атлетико Мадрид (2011/12) и Сиудад Реал (2010/11).

Повеќе...

Нант ремизираше во Данска и првпат ќе игра на Ф4 во Келн

kire lazarov so skjern

Скјерн - Нант 27:27 (12:15)

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров и со новиот тим Нант ќе игра на завршниот турнир на Лигата на шампионите во ракомет. од елитното европско натпреварување. Францускиот победник на Купот денес успеа да го елиминира Скјерн, откако по победата од 33-27 на првиот натпревар, ремизираше 27-27 и првпат ќе игра за европската титула во „Ланксес арената".

Повеќе...

Лазаров: По само еден тренинг знаеме кое дете го бива за ракомет!

кл7 камп

Капитенот на македонската репрезентација во ракомет, Кирил Лазаров, на крајот на јуни во Охрид ќе го предводи четвртиот летен ракометен камп за деца. На кампот 300 деца од Македонија и од странство, на возраст од 7 до 17 години, ќе учат ракомет од капитенот Лазаров. Меѓу нив ќе бидат и децата на Кире. Идејата да се организира школа за млади, талентирани деца што сакаат да играат ракомет првпат тој ја реализираше во 2015 година. Веќе четири години Лазаров ги учи децата на сите финти во ракометот. Во разговорот за „Репортер" десниот бек на Нант открива и дека неговите деца едвај чекаат да дојде време за кампот.

Повеќе...

Лазаров во идеалниот тим на 21. коло на францускиот шампионат

idealentim

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров се најде во идеалниот тим на 21. коло на францускиот
шампионат. Лазаров е најдобар десен бек на колото и е единствен ракометар на Нант во овој избор.

Повеќе...

Нант со шест разлика ќе тргне на реваншот во Скјерн

kire so skjern

Нант – Скјерн 33:27 (18:12)

Ракометарите на Нант направија голем исчекор кон пласман на својот прв завршен турнир на Лигата на шампионите, откако пред своите гледачи го совладаа данскиот шампион Скјерн со 33:27 и со оваа солидна залиха ќе патуваат на реваншот за една недела.

Повеќе...

Лазаров пак блесна, Нант го положи тестот пред Скјерн

DbFwsfAXcAE5y3R

Нант – Трембле 36:31 (18:15)

Ракометарите на Нант, каде настапува Кирил Лазаров, им се вратија на победите во францускиот шампионат и во дуелот од 21. коло пред своите гледачи го совладаа Трембле со 36-31 (18:15) и ги положија тестот пред четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите.

Повеќе...

Лазаров даде четири гола, Нант загуби од шампионот

Lazarov-Nantes

ПСЖ - Нант 31:29 (17:14)

Ракометарите на Нант загубија од ПСЖ со 31:29 во супер-дербито од 20. коло на францускиот шампионат. Нашиот интернационалец Кирил Лазаров одигра одличен натпревар и го врати својот тим во драматичен финиш, но сепак бодовите останаа во Париз. Капитенот на нашата репрезентација постигна четири гола, некои од нив во клучната фаза од натпреварот.

Повеќе...

Македонија почнува и завршува на домашен терен во квалификациите

39151717154 6a6ab44c59 b

По извлекувањето на ждрепката за квалификациите за Европското првенство во 2020 година, познат е и распоредот на натпревари, кој покажува дека ќе се соочиме со Турција на домашен терен на стартот и со Грција исто така во Скопје на крајот од квалификациите.

Повеќе...

Македонија ќе се бори за ЕП 2020 со Турција, Грција и Исланд

euro 2020 rakomet

Македонската ракометна репрезентација ќе игра во групата 3 од квалификациите за Европското првенство во ракомет во 2020 година во Австрија, Норвешка и Шведска. Противници во квалификациите ни се Исланд, Турција и Грција. Првото и второто место носат пласман како плус четирите најдобри меѓу третопласираните.

Повеќе...