Лазаров во идеалниот тим на ASOBAL лигата
![]()
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров се најде во идеалниот тим на сезоната во ASOBAL лигата. Лазаров беше избран во конкуренција на Фредерик Виера (Адемар Леон) и Освладо дос Сантос (Хелветиа), Лазаров доби 33,3% од гласовите.
Италија, Србија, Данска, Полска и сега Хрватска - сите пет Европски првенства на Македонија
![]()
Во јануари следната година Македонија по петти пат ќе игра на Европско првенство во своето 25-годишно натпреварување во квалификациите на ЕХФ. Премиерниот настап нашата селекција го имаше во Италија во 1998 година, кога го освои 12. место. Во квалификациите за тоа натпреварување настапи и Кире Лазаров, но не беше дел од завршниот турнир.
Познати сите учесници на ЕП, ждрепката в петок во Загреб
![]()
Македонија, Чешка и Исланд обезбедија учество на Европското првенство и в петок на ждрепката во Загреб ќе дознаат против кого ќе играат на завршниот турнир.
Кире убедливо најдобар стрелец во квалфикациите за ЕП во Хрватска
![]()
Kирил Лазаров на убедлив начин заврши уште едно поглавје во својата репрезентативна каеиера. Со 59 гола нашиот репрезентативен капитен е убедливо најдобар стрелец во квалификациите за Европското првенство во Хрватска.
Македонија ја декласира Чешка и по петти пат ќе игра на Европско првенство
![]()
Македонија - Чешка 33:20 (16:10)
Македонската ракометна репрезентација избори пласман на Европското првенство во Хрватска и по петти пат ќе игра на завршен турнир на Европско првентво. Во решавачкиот натпревар Македонија ја декласира Чешка со 33:20 (16:10) и квалификациите ги заврши како првопласирана во групата. Македонските ракометари целосно ја надиграа чештата селекција. Избраниците на селекторот Раул Гонзалез поведоа со 3:1 по пет минути, потоа 7:4 и 10:7, а во финишот на првиот дел ја достигнаа максималната предност за овој период од играта 16:10.
Македонија ремизира во Украина, одлуката за Хрватска в недела со Чешка
![]()
Украина – Македонија 27:27 (12:16)
Македонската ракометна репрезентација во вистинска драма во Суми.Македонија прокоцка победа и одигра 27:27 против Украина и прокоцка шанса да се квалификува на Европското првенство во Хрватска. Сепак, со победа в недела против Чешка во Скопје ќе обезбеди петто Европско првенство во својата историја.
Лазаров: Барса беше и ќе остане клубот на моето срце
![]()
Четиригодишата бајка во дресот на Барса, нашиот Кирил Лазаров ја заврши во неделата со освојувањето на Купот на Кралот и подигнувањето на пехарот во Леон. Зад себе Лазаров остави бројки кои се пример за секого. Од 1.178 гола во Лигата на шампионите (најмногу во историјата), 378 постигна за Барса, со која трипати играше на Ф4 и еднаш стана европски првак.
Рекордите на Лазаров: 7 Купа на Кралот по ред и 157 последователни ASOBAL победи
![]()
Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров со 157 победи по ред во шпанските натпреварувања си замина од Барселона со 21 титула и со рекорд кој не е својствен за секого.
Лазаров со петтиот трофеј во сезоната, 54 во кариерата
![]()
Со освојувањето на Купот на Кралот во Леон, Кирил Лазаров го одигра последниот натпревар во дресот на Барселона. Со стил, со победа и трофеј македонскиот ракометар ја заврши четиригодишната авантура во Барса и по седум години во Шпанија заминува во француски Нант. Овој трофеј за Лазаров петти во сезоната со Барса, а вкупно 21. признание откако го носи дресот на Каталонците. Еве ги сите можни титули во кариерата на најтрофејниот македонски спортист:
Барса го одбрани трофејот од Купот, Лазаров заминува со титула
![]()
Барселона – Натурхаус Ла Роха 34:29 (14:14)
Ракометарите на Барселона го одбранија трофејот од Купот на Кралот во ракомет, откако попладнево во финалето на завршниот турнир „фајнал-ејт" го совладаа тимот на Натурхаус Ла Роха со 34:29 (14:14). Овој трофеј е последен во четиригодишниот период на Кирил Лазаров минат во каталонскиот гигант.




