Лазаров за „Независне“: Да можев ќе спиев со топката, по цели денови играв ракомет...
![]()
Најдобриот македонски ракометар, или македонскиот Меси како што босанскиот весник „Независне" го нарече нашиот Кирил Лазаров, говореше за јавноста во оваа земја. Лазаров се осврна на многу теми, својата кариера, преминот во Франција, сезоната со Нант, па и за неговите почетоци со овој спорт.
Неочекуван пораз на Нант од амбициозниот Аикс
![]()
Нант - Аикс 28:29 (15:13)
Ракометарите на Нант сезоната ја завршуваат со негативна тенденција и пак се поразени во рамките на домашниот шампионат. Вечерва европскиот вицешампион претрпе пораз од Аикс со 28:29. Овој неуспех се надоврзува на оној против Ним пред една недела, со што Нант драстично ги доведе во прашање своите шанси за второто место на табелата во домашното првенство.
Изненадувачки пораз на Нант пред своите гледачи од Ним
![]()
Нант - Ним 33:36 (19:15)
Европскиот вицешампион Нант изненадувачки загуби на домашен терен од Ним и ги намали своите шанси за пласман на второто место во францускиот шампионат. Во рамките на 22. коло екипата на Тјери Анти не покажа конзистентност и претрпе болен пораз.
Нант поразен во „Палау Блауграна“, Барса се квалификува на Ф4
![]()
Барселона - Нант 29:26 (17:14)
Нант го заврши својот поход во Лигата на шампионите во четвртфиналето, откако наиде на расположена и моќна Барселона, која продолжува по својот пат во обид да ги освои сите седум титули кои се на располагање. Во возвратниот четвртфинален дуел, Барса ја искористи предноста на домашниот терен и извојува победа од 29:26, па по успехот во Франција, Каталонците на убедлив начин се чекираа за Келн.
Честит Велигден!
![]()
Официјалната веб страица на Кирил Лазаров на сите православни христијани им го честита најголемиот празник - Велигден или Воскресение Христово, најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е.
Барса покажа моќ среде Франција, Нант пред елиминација од ЛШ
![]()
Нант - Барселона 25:32 (12:16)
После убедливиот триумф во Франција против Нант со 25:32, шпанскиот шампион Барселона се наоѓа на чекор до пласман на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн. Екипата на нашиот Кирил Лазаров треба да приреди чудо на реваншот во Шпанија доколку сака да го повтори ланскиот успех.
Нант лесно победи во Тулуз и му побегна на Монпелје на второто место
![]()
Тулуз - Нант 25:32 (13:18)
Возбудувањата од францускиот шампионат продолжуваат по паузата за ЕХФ неделата и квалификациските средби за Европското првенство. Со уште една победа, европскиот вицешампион Нант останува во трка за највисок пласман и по поразот на Монпелје од ПСЖ, екипата на Лазаров е комотно втора во шампионатот.
Лазаров пак меѓу водечките стрелци во евро-квалификациите
![]()
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е нашиот најдобар стрелец со 30 гола на четири одиграни натпревари во квалификациите за Европското првенство 2020. Двапати против Исланд и по еднаш против Грција и Турција, десниот бек блескаше и ја потврди лидерската улога во националниот тим.
Лазаров: На добар пат сме, на вакви натпревари се станува голем играч
![]()
Македонија ремизираше со Исланд со резултат 24:24, но сепак шансите за првото место во групата се на наша страна. Капитенот Кирил Лазаров по натпреварот го анализираше прикажаното во овој ЕХФ-прозорец и порача дека во јуни треба да се заврши работата.
Македонија прими гол на три секунди до крајот, Исланд откина бод од Скопје
![]()
Македонија - Исланд 24:24 (10:11)
Македонската ракометна репрезентација беше на чекор до нов триумф против Исланд, но противникот со гол на три секунди пред крајот се спаси од пораз, натпреварот заврши нерешено 24:24. Љубителите на ракометот видоа израмнет натпревар, и двете селекции се менуваа во водство, па ремито најреален резултат на случувањата на теренот.




