Нант испушти победа и со бод се враќа од Флензбург
![]()
Флензбург – Нант 29:29 (17:17)
Откако пред своите гледачи загубија од Флензбург, ракометарите на Нант испуштија победа на гостувањето во Германија, откако прими гол во последната секунда и наместо два, носи само бод.
Совладан ПИК Сегед, Нант скокна до третото место
![]()
Нант – ПИК Сегед 29:26 (13:11)
Нант запиша значајна домашна победа против второпласираниот во групата ПИК Сегед со 29:26 (13:11) и ќе преноќи на третото место на табелата во групата Б.
Лесна победа на Нант над Истр за продолжување на серијата
![]()
Нант - Истр 39:31 (22:14)
Нант на Кирил Лазаров ја продолжи својата серија на победи во домашното првенство и вечерва славеше против Истр со 39:31. Иако Анти ротираше, лесно беше наметната поквалитетната игра во двата правци и европскиот вицешампион запиша нови бодови.
Лазаров диригираше, Нант победнички се враќа од Скандинавија
![]()
Скјерн - Нант 32:34 (17:15)
Кирил Лазаров беше најдобар играч на Нант во гостинската победа кај Скјерн во Лигата на шампионите со 32:34. Со оваа победа, европскиот вицешампион само ја потврди добрата форма по триумфот во четвртокот во Шамбери.
Голема победа во Шамбери, Нант се врати на второто место
![]()
Шамбери – Нант 24:26 (14:14)
Кирил Лазаров и Нант брзо реагираа по поразот во дербито со ПСЖ и на гостувањето кај Шамбери запишаа победа од 24:26 и се вратија на втората позиција на табелата.
Нант ќе гостува во Шамбери во четвртфиналето на Купот
![]()
По одигрувањето на осминафиналните натпревари од Купот на Франција, веќе е извршена ждрепката за четвртфиналето од ова натпреварување, каде титулата ја брани ПСЖ.
Нант го „скрши“ Ним и визира четвртфинале на Купот
![]()
Нант - Ним 23:21 (13:10)
Нант се пласира во четвртфиналето на Купот на Франција по домашната победа против составот на Ним со 23:21. По израмнетиот прв дел, во продолжението фаворитот „нагази" и не дозволи драма во финишот. Нант имаше и 23:17, но Ним со четири голови во серија успеа да го направи поразот поднослив, 23:21.
ПСЖ победник во француското дерби во ЛШ
![]()
Нант – ПСЖ 31:35 (15:18)
Француското дерби во рамките на 11. коло на Лигата на шампионите му припдна на ПСЖ, кој славеше во Нант со 31:35 и го задржа лидерското место во групата.
Данецот Аугустинусен oд следната сезона ќе игра за Нант
![]()
Управата на Нант го обезбеди второто засилување за новата сезона 2019/20. Имено, денес европскиот вицешампион обелодени дека е постигнат договор со данското крило Себастијан Аугустинусен. Новајлијата доаѓа од Скјерн, каде што стекна целосна афирмација, откако претходно настапуваше за Колдинг.
Думулин се повреди и веќе е опериран, Бонефои е неговата замена
![]()
Нант е една од екипите кои скапо го платија Светското првенство во Германија и Данска. Голманот на европскиот вицешампион Сирил Думулин се повреди и веќе е опериран. Клубот брзо реагираше и го доведе 27-годишниот Кевин Бонефои од Тулуз. Овој искусен чувар на мрежата се обврза на договор со Нант до крајот на сезоната.




