Нант ги заврши подготовките, дебитира во шампионатот против Данкерк
![]()
Ракометарите на Нант со одигрувањето на деветтиот натпревар во 20 дена ги завршија подготовките за новата натпреварувачка сезона во Франција. Екипата на нашиот репрезентативец Кирил Лазаров се соочува со нов предизвик во францускиот шампионат, овој пат со Алберто Ентрериос на клупата,
Лазаров најефикасен, Нант победнички стартуваше во Стразбур
![]()
Ракометарите на Нант со победа стартува на „Еуро-турнирот" во Стразбур кој традиционално е најава за сезоната во францускиот ракомет. Во мечот од првото коло во групата, екипата на Алберто Ентрериос го потврди одличниот тренд во подготвителниот период и во финишот го скрши тимот на Елверум за победа од 35-32.
Лазаров: Нашата цел ќе биде стандарден суперлигаш со таргет млади македонски играчи
![]()
Првата македонска ракометна лига од оваа натпреварувачка сезона ќе има уште еден клуб КЛ7. Сржта на овој нов субјект во македонскиот ракомет е составена од млади играчи чии тренер е Андон Бошковски. За формирањето и целта на КЛ7, неговиот идеен носител Кирил Лазаров изјави:
Реми на Нант против Порто на „Визеу Купот“
![]()
Ракометарите на Нант ремизираа против Порто (33:33) во вториот натпревар од „Визеу Купот" во Порто. Екипата на нашиот репрезентативен капитен ден претходно славеше против Адемар Леон.
Нант го надигра Адемар Леон на турнирот во Португалија
![]()
Петти натпревар и петта победа на ракометарите на Нант во подготвителниот период. Екипата на Алберто Ентрериос на турнирот во Португалија го совладаa шпанскиот клуб Адемар Леон со 32-27 (19-18). Во текот на сите 60 минути французите играа авторитетно и покажаа дека добро се прилагодуваат на новиот тренер.
Нант ја одбрани титулата од Шпаркасен Купот во Ехинген
![]()
Нант е освојувач на Шпаркасен Купот, еден од претсезонските турнири кои се играат во Германија. По вчерашните две победи,францускиот клуб попладнево во Ехинген со сигурна победа во финалето против тимот на Фуксе Берлин со 26:23 го освои трофејот кој го бранеше од минатата година.
Кирил Лазаров, повторно беше еден од најдобрите на теренот и запиша осум погодоци.
Нант ги започна подготовките со новиот тренер Алберто Ентрериос
![]()
Кирил Лазаров ја започна новата сезона во француски Нант. Третиот почеток во Нант за нашиот репрезентативен капитен е посебен, бидејќи првпат Нант ќе се потпре на нов тренер во последната деценија. На местото на Тјери Анти, нов предводник на Нант е Алберто Ентрериос. Шпанецот до минатата сезона беше „десна рака" на Анти, а сега почнува самостојна кариера.
Седми роденден на официјалната веб страна на Кирил Лазаров
![]()
Пред седум години на интернет просторот се појави првата официјална веб страница на еден наш професионален спортист. Веб страницата на Кирил Лазаров еволуираше, победуваше, се радуваше и тагуваше напоредно со нашиот најдобар спортист.
Познат календарот на шампионатот: Нант дебитира против Данкерк
![]()
Француската ракометна федерација го објави календарот за сезоната 2019/20. Четвртопласираната екипа минатата сезона, тимот на Нант новиот шампионат ќе го почне на домашен терен против Данкерк, а потоа веќе во второто коло гостува кај шампионот ПСЖ.
Бурниот почеток ќе биде комплетиран со натпреварот од третото коло на домашен терен против Сант Рафаел.
Кире Лазаров: Не користам диети за да ја одржам формата (ВИДЕО)
Во интервју за „Гласот на Америка", најдобриот македонски спортист Кирил Лазаров говореше на неколку теми. Затекнат на неговиот камп во Охрид, репрезентативниот капитен се осврна на темата – здрава исхрана.




