Нант го официјализира договорот со Лазаров за следната сезона
![]()
Капитенот на најдобрата македонска репрезентација потврди дека и во натпреварувачката сезона 2021/22 ќе ги брани боите на францускиот клуб Нант. За официјалниот клупски сајт Лазаров изјави дека следната сезона ќе биде последна во професионалната кариера на Кирил Лазаров кој официјално ќе се пензионира во јуни 2022 година на 42-годишна возраст.
Селекторот Лазаров го скрати списокот за собирот на младинците
![]()
Селекторот на машката младинска репрезентација, Кирил Лазаров го објави список на ракометари повикани за собирот на младинска машка М19 репрезентација за припремите за претстојниот М19 ЕХФ шампионат во Скопје.
Лазаров подготвува автобиографска книга
![]()
Љубителите на спорот во Македонија и регионот ќе добијат наскоро интересна книга за читање во која ќе биде опишан патот до врвот на еден од најдобрите ракометари на 21 век, Кире Лазаров, пишува Балкан Хандбол.
Селекторот Лазаров одбра 39 имиња на поширокиот кадетски список
![]()
Кирил Лазаров направи избор од млади ракометари за претстојниот кадетски ЕХФ шампионат. Лазаров објави список од 39 ракометари јасно стави до знаење дека ќе им даде шанса на многу млади играчи кои сакаат да се докажуваат, а потоа ќе направи пресек и само оние кои најмногу ќе прикажат ќе се најдат на завршниот список во месец август.
Пораз и во вториот дуел на македонската Б-селекција во Ниш
![]()
Србија - Македонија 33:23 (17:11)
Македонија загуби со високи 33:23 (17:11) во вториот тест-меч против Србија во Ниш, каде што селекторот Кирил Лазаров им даде шанса на сите ракометари кои ги имаше на располагање. Вчера, Македонија загуби со 29:26, но денеска, Србите беа порасположени за игра и уште на полувреме имаа шест гола предност.
Лазаров: На добар пат сме, имавме успешен тест
![]()
Македонската ракометна репрезентација загуби со 29-26 на првиот од двата контролни натпревари против Србија, на кој селекторот Кире Лазаров тестира играчи исклучиво од домашната Супер-лига.
Пораз на македонската Б репрезентација на првиот тест во Ниш
![]()
Србија - Македонија 29:26 (18:15)
Ракометната репрезентација на Македонија загубо со 29:26 во првиот од двата контролни натпревари против селекцијата на Србија. Селекторот Кирил Лазаров на двомечот во Ниш замина со Б репрезентацијата, односно со ракометари кои не се стандардни првотимци и повика играчи кои настапуваат во Суперлигата. За истиот потег се одлучи и селекторот на Србија.
Лазаров одбра 39 ракометари за кадетската репрезентација
![]()
Селекторот на ракометните репрезентации на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари, од кој ќе се прави селекција на играчите за настап на кадетскиот ЕХФ шампионат во Македонија во август.
Нант го загуби мечот за третото место од ПСЖ
![]()
ПСЖ - Нант 31:28 (17:13)
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, и неговиот Нант го освоија четвртото место на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Во битката за бронзениот медал, Нант е поразен од ПСЖ со 31:28 (17:13). Нант подобро го отвори натпреварот и имаше предност од 5:7, но потоа се разбудија „светците" и во финишот со серија од 4:1 на одмор заминаа со предност од 17:13
Барса подобро финишираше и го совлада Нант во полуфиналето на ЛШ
![]()
Барселона - Нант 31:26 (15:13)
Барселона го победи Нант со 31:26 во второто полуфинале во ракометната Лига на шампиони, и ќе игра во финалето против сензацијата Алборг кој е прв дански тим што дошол до финалето.




