Македонија дебитира на ЕП 2022 против Словенија
![]()
Селекциите на Данска, Словенија и Црна Гора се ривалите на Македонија на следното Европско првенство кое на почетокот на 2022 година ќе се игра во Унгарија и Словачка. Компјутерот ги исфрли паровите за трите кола, а саатницата дополнително ќе биде одредена.
Лазаров: Одиме по потешкиот пат, но нема изговори!
![]()
Македонија за противници ги доби Данска, Словенија и Црна Гора во групната фаза на Европското првенство, но селекторот Кирил Лазаров уште еднаш покажа максимална лидерска способност, ставајќи до знаење дека не смееме да се плашиме од ривалите.
Македонија доби група во Дебрецен со Данска, Словенија и Црна Гора
![]()
Машката ракометна репрезентација во периодот од 13 до 30 јануари ќе настапи на Европско првенство во Унгарија и Словачка, а денеска на извлекувањето во Букурешт ги доби противниците групната фаза.
Нант и Лазаров пресилни за „фенерџијата“ во францускиот шампионат
![]()
Трембле - Нант 22:35 (12:19)
По завршување на ЕХФ неделата, Кирил Лазаров продолжи таму каде што застана во неделата во Скопје. На гостувањето кај Трембле, Нант ја оправда фаворитската улога и славеше со убедливи 22Ч35 (12:19) за четврта победа во низа, вкупно шеснаесетта оваа сезона.
Лазаров и Кузмановски најдобри македонски стрелци во квалификациите
![]()
По завршувањето на квалификациите за пласман на Европското првенство, извесна е финалната листа на стрелци по шесте квалификациони кола.
Македонија од третиот шешир ја чека ждрепката за ЕП во Унгарија и Словачка
Кирил Лазаров: Останавме чесни пред нацијата и пред Бога!
![]()
Најдобриот македонски ракометар, од неодамна и селектор, Кирил Лазаров е движечка сила на репрезентацијата. Во улога на селектор и играч ја однесе Македонија на ЕП со само еден пораз, оној од Данска на гостински терен. Сите други натпревари ги добивме, вклучувајќи го и вечерашниот против Швајцарија иако претходно пласманот на ЕП беше обезбеден. Ракометарите сакаа радост да подарат на нацијата на овој голем празничен ден и успеаја во тоа.
Македонија вторпат ја надигра Швајцарија и со стил се „чекира“ на ЕП
![]()
Македонија - Швајварија 29:28 (16:16)
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Швајцарија со 29:28 во последното коло од квалификациите за Европското првенство. Иако македонскиот национален тим и пред натпреварот го имаа обезбедено учеството на евро-шампионатот, одиграа без калкулации и на крајот заслужено се радуваа.
Честит Велигден!
![]()
Официјалната веб страница на Кирил Лазаров на сите православни христијани им го честита најголемиот празник - Велигден или Воскресение Христово, најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е.
Лазаров: Да одиграме за наша душа и победнички да го завршиме циклусот
![]()
Секој репрезентативен натпревар е важен. Селекторот Кирил Лазаров наметна победнички менталитет кај младиот состав на македонската ракометна репрезентација. Иако нема големо резултатско значење за нашиот национален тим, утрешениот натпревар против Швајцарија не е неважен.




