hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Лазаров: „Македонија со кренати глави оди во Данска„

lazarov MKD - MNE 560

На денешната прес-конференција на РФМ, пораката за јавноста пред големиот настан ја пренесоа протагонистите. Македонија е подготвена за предизвикот наречен ЕП 2014. Нашите ракометари, во друштво на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и селекторот Ивица Обрван, едногласно порачаа дека ќе го дадат максимумот во обид да се стигне до што подобар пласман на европскиот шампионат што стартува в недела

Повеќе...

Кои се 10 звезди на престојното европско првенство?

kire lazarov so crna gora

Специјализираниот портал Handball-Planet го најави европското првенство со потенцијалните 10 најголеми звезди, кои треба да го одбележат овој голем собир. И покрај многубројните откази и повреди, сепак ова ќе биде првенство на големи асови. Меѓу десетте звезди, место има и за еден македонец:

Повеќе...

Лазаров и Црвенковска – спортисти на Македонија за 2013 година

kire 1

Сојузот на спортски федерации и Агенцијата за млади и спорт ги промовираше најдобрите за 2013 година. Лауреати за 2013 се капитените на машката и женската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров и Билјана Црвенковска

Повеќе...

Јоханесон ги објави 18 австриски надежи

09012014

Селекторот на ракометната репрезентација на Австрија, Патрекур Јоханесон по одигрувањето на последната контрола со Египет го соопшти и списокот од 18 ракометари на кои ќе смета на претстојното Европско првенство во Данска. Австрија е еден од ривалите на Македонија во групата во Хернинг.

Повеќе...

ВИДЕО: Лазаров: „Имаме драгоцено искуство за добар ЕУРО„

MKD - SRB Lazarpv

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација ќе патува в сабота за настапот на Европското првенство, а еден ден подоцна ќе го игра првиот натпревар од групата А во Хернинг во 20:30 чaсот против домаќинот и актуелен бранител на титулата, Данска. Според капитенот Кирил Лазаров на почетокот е присутна позитивната трема и тоа е добро

Повеќе...

ФОТО: Груевски им посака среќа на ракометарите

gr 3

Денеска во СРЦ "Кале" во Скопје, премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски ја посети македонската машка сениорска репрезентација на нејзиниот тренинг пред заминувањето на Европското првенство во Данска кое ќе стартува на 12 јануари.

Повеќе...

„Златната лига„ предигра за ЕУРО за домаќинот

danska - qatar

Европскиот првак Данска и покрај ремито со Катар во последниот натпревар од турнирот „Златна лига" го освои првото место откако претходно ги победи Норвешка и Франција. Вечерва во Ле Ман, каде се играа натпреварите од последното коло Данска и Катар одиграа нерешено 23:23 (14:12).

Повеќе...

Австрија со победа, патува за Хернинг

avstrija - egipet

Репрезентацијата на Австрија, последниот ривал на Македонија во групата во Хернинг забележа победа на последната контрола одиграна вечерва во Кремс. Австрија славеше победа над Египет со 29:27 (14:12). Најефикасен на натпреварот беше Сантош со 8 голови (2 од седмерец). Додека Херман постигна 4. Австрија на подготовките одигра четири натпревари и постигна три победи (минимални) и доживеа еден убедлив пораз.

Повеќе...

ФОТО: Ракометарите ќе добијат свои дресови потпишани од фановите

potpisani dresovi

Уште една потврда дека ракометната репрезентација им е при срце на македонските навивачи. Ракометните фанови потпишаа дресови во знак на поддршка на ракометарите во пресрет на Европското првенство во Данска. Повод за овој настан е учеството на македонската репрезентација на континенталниот собир во ракомет што ќе се одржи во Данска од 12 до 26 јануари.

Повеќе...

Еден македонец во А и два во Б eкс-ју тимот на ЕУРО

balkan idelen tim

Специјализираниот ракометен портал „Balkan-handball„ спроведе анкета на најдобрите ракометари од четирите бивши југословенски простори, кои обезбедија место на европското првенство во Данска. Со исклучок на Словенија и Б и Х, останатите ракометарите од четирите квалификувани репрезентации учествуваа во изборот. Еден македонец во идеалната седморка и уште една во вториот избран тим, се најдоа меѓу 14 најдобри. Изборот на гласачите во целост се поклопи со мислењето и на спортските новинари.

Повеќе...