Миркуловски: „Ремито треба да го сметаме како победа„
![]()
Не му беше лесно да игра со болки и веројатно по повредата на Стојчески со поголема минутажа, но Филип Миркуловски машки издржа и погоди два пати во моментите кога требаше некој да му помогне на Лазаров и на нашиот напад. По мечот плејмејкерот на Металург беше среќен и ремито го окарактеризира како победа
Шпанија со втора победа, веќе е меѓу 12 најдобри
![]()
Светскиот првак Шпанија веќе може да си ги планира своите активности во втората фаза. Со победата над Норвешка од 27:25, светскиот првак ја забележа и втората победа во Б групата во Алборг, која се вкрстува со нашата А група. Избраниците на Маноло Каденас одиграа рутински, баш колку што треба за да стигне до вториот триумф, по оној со Унгарија.
Данска ја верификува втората фаза
![]()
Данска е првата репрезентација која го обезбеди вториот круг од нашата А група во Хернинг. Предводена од Микел Хансен, ја оправда фаворитската улога на мечот против Австрија и ја совлада со 33:29. Австријците имаа сили да им парираат на актуелните европски шампиони само во првите петнаесетина минути, кога предноста на Данците се движеше меѓу два и три гола.
Лазаров: „Голем бод, игравме интелегентно со моќна Чешка„
![]()
Најдобриот играч и најдобриот стрелец на средбата Кирил Лазаров ремито го окарактеризира како победа и со ведрина гледа на последното трето коло, во кое ние играме со Австрија, а по нашиот меч знаејќи го исходот, чесите ќе играат со веќе пласираната Данска:
Георгиевски: „Штета што го разбранивме Штокл„
![]()
Автор на два гола, крилниот репрезентативец Гоце Георгиевски беше среќен, но и уморен во своите коментари поврзани со ремито со Чешка. Видно беше дека жали за нереализираниот зицер кога се кршеше резултатот, но опциите за втората фаза се во наши раце:
ФОТО: Репрезентативците ја „скенираат„ Австрија
![]()
Со оглед на тоа што ги завршија сите активности кон седмата сила по мечот со Чешка, македонските репрезентативци од првиот ред го следеа надигрувањето на Данска и Австрија, со кое се затвора второто коло во групата во Хернинг.
ФОТО: Загрижуваат повредите на Стојчески и Миркуловски
![]()
Последиците од безпоштедната физичка битка со чесите се повредата на препоните на Стојчески и повредата на коленото на Миркуловски. Ресенчанецот се жалеше на повреда на препоните и пред мечот, играше свесен за тоа и издржа само неколку минути.
Лазаров фантастичен, Чешка извлече реми
![]()
Европско првенство - А група (2 коло)
Mакедонија - Чешка 24:24 (10:11)
Можеби клучниот меч за пласман во втората фаза, нашите ракометари го почнаа одлично. Борко Ристовски го одбрани седмерецот на Филип Јиха, а капитенот Лазаров го отвори натпреварот со водечки гол. Потоа нашиот најдобар стрелец реализира два седмерци, кои ги изнуди Миркуловски за 3:1 во 6 минута.
ВИДЕО: Македонците побројни и пооптимисти од чесите
![]()
Во прекрасната фан-зона веднаш во „Јуске Банк Боксен„ аренета во Хернинг веќе неколку часа се собираат навивачи од четирите земји во А групата на европското првенство.
Штохл: „Во Македонија се зависи од Лазаров„
![]()
Свои сметки за вечерашното соочување со Македонија имаат и чесите. И тие ги анализираат и најмалите детали околу натпреварот, ги бараат нашите маани и се обидуваат да ги затворат нашите добри страни. Искусниот голман Петр Штохл стравува од капитенот Кирил Лазаров.




