hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Омејер: „Очекувавме баш ваков меч, Шпанија беше одлична„

Spain vs France 150130Qatar 2015 M82 ESP vs FRA- OB 9977 xlarge

Мајсторот за големи натпревари не ги менува навиките. Тити Омејер може да брани колку што е можно полагодно, подеконцентрирано, може да нема континуитет во клубскиот ракомет, но кога ќе го облече плавиот дрес, се преобразува. Сигурно му е полесно со одбрана од браќата Карабатиќ, Сорондо и остриот поглед на Динар од клупата, но ниту еден друг голман во историјата нема такво влијание во својата репрезентација и околу титулите како Омејер. Се обиде да биде скромен и се штедеше на зборови на прес-конференцијата:

Повеќе...

Гајиќ го осигура првото местото на листата на стрелците

gajic slovenia

Со 12 гола на мечот со Данска, крилото на Монпеље и на словенечката репрезентација Драган Гајиќ побегна на врвот на листата на стрелците и на еден натпревар до крајот за секоја од осумте репрезентации, тој има големи шанси да биде крал на стрелците.

Повеќе...

Франција по петтата мундијалска титула во 20 години

Spain vs France 150130Qatar 2015 M82 ESP vs FRA-SUKI8730 xlarge

Во било кој спорт е неверојатно да се освојат пет светски титули за 20 години. По такво постигање в недела ќе тргне Франција, која ако го совлада Катар ќе биде најтрофејна светска ракометна сила, минувајќи ја Шведска, а и старата сила Романија. Кога во 1995 година дојдоа на Исланд, французите немаа ниту едно злато од светските првенства, а сега имаат четири со големи шанси да стигнат и до пет. Низ овие светски титули, измешани се европски и олимписки медали, главно златни.

Повеќе...

Словенија или Германија за Рио, Катар и Франција за златото

Spain vs France 150130Qatar 2015 M82 ESP vs FRA-SUKI2303 xlarge

Познати се сите завршни натпревари на последниот трет викенд на светското првенство во Доха. За прв пат едно европско - азиско финале и историска можност Катар да ја продлабочи својата легенда. Нема дилема дека „невозможна мисија„ ќе им биде обидот да го совладаат најсилниот модерен ракометен тим, но в недела за нив е последниот испит. Во завршните натпревари, покрај златото, влогот е и бронзата и олимписката норма.

Повеќе...

ВИДЕО: Онеста: „Влијанието на Динар на овој тим е огромно„

Spain vs France 150130Qatar 2015 M82 ESP vs FRA-SUKI2399 xlarge

За некои ова беше инфаркт меч, а за францускиот тим кој навикнал да игра вакви мечеви на големи приредби, меч како денес да изгледаше чиста рутинач. И кога оди и кога не оди, тие се дефанзивно неверојатно стабилни, а голманот Омејер таа стабилниост ја трансформира во неминливост. Генерацијата на Омејер и Онеста е блиску до нивната трета светска титула, а Клод Онеста го велича триумфот во ракометното „класико„

Повеќе...

ВИДЕО: Динар: „Тити и одбраната како и секогаш беа клучот„

 150130 ALX5661 xlarge

Кога загусти во вториот дел на епското полуфинале во Доха и кога францускиот напад застана, на сцена стапи Дидие Динар и неговиот одбранбен стил, кој го приведе мечот кон крај до победа. Франција не можеше да ја разбие шпанската одбрана, но го затвори и својот гол. Дури и кога ќе ја минеа таа одбрана, актуелните светски прваци мораа да се справат со Омејер. Архитектот на најдобрата одбрана во светот емотивно го доживеа мечот и истакна дека Шпанија силно го намачи францускиот тим:

Повеќе...

Омејер стапи на сцена и обезбеди ново француско финале

Spain vs France 150130Qatar 2015 M82 ESP vs FRA- HOR6148 xlarge

Мечот на последните два светски прваци ја оправда улогата на финале пред финалето. Јоан Канељас кој ја доведе Шпанија во ова полуфинале го отвори мечот со гол за светскиот првак. Но брзо одговори мотивираниот Никола Карабатиќ со три гола во првите 10 минути аз 6:7 за момците на Клод Онеста. Кога Нарцис погоди со спектакулрна задршка во воздух, Каденас побара тајм-аут при 6:8 во 11 минута. Омејер одбрани две топки и Гигу со два гола и Порт од спротивната страна на европскиот првак му донесоа комотни 6:10.

Повеќе...

Словенците истрошени, Данска лесно до олимписки квалификации

Denmark vs Slovenia 150130Qatar 2015 M84 DEN vs SLO-DSC 6669 xlarge

Без ни малку деморализација по несреќниот пораз од Шпанија, европскиот вицешампион Данска ја совлада Словенија со водство во текот на сите 60 минути. Хансен и другарите и со таканаречената втора постава излегуваа на крај со многу лошата словенечка одбрана. На полувреме +4, на крајот 36:33 за скандинавците. Овој пат Шкоф и Прост немаа свој ден како против Македонија и во текот на 60 минути имаа само 4 одбрани.

Само Драган Гајиќ ја „набилда„ својата статистика со 12 гола, се останато што е за одбележување го имаа данците. Ласе Свен Хансен го забележа најдобриот учинок на еден ракометар на мундијалот со 13 гола од исто толку обиди. Рамо до рамо со него беше Кристијансен со 9 гола, а данските голмани не беа ништо подобри и собраа само 7 интервенции. Кај Словенците ниту атмосферата не е идилична и олимписките квалификации сеуште не се обезбедени. Финалните 36:33 дури и се претесни за она што се случуваше на во „Али Бин Хамад Ал Атијах арената„во Доха. Покрај Хрватска и Данска во април 2016 година може да ги планира квалификациите за Олимписките игри во Рио.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Катар е првиот неевропски финалист на мундијал

Poland vs Qatar 150130Qatar 2015 M81 POL vs QAT- OB 0532 xlarge

Домаќинот на светското првенство дојде до историски момент не само за својата земја, туку и за светскиот ракомет. Од пред втората светска војна, кога почнаа мундијалите, ниту една репрезентација која не доаѓа од Европа не освоила медал, а со тоа не играла и финале. Катар на Валеро Ривера отиде чекор натаму и го мина успехот на Египет 1991 и Тунис 2005 година, кога овие две селекции играа полуфинале, а потоа ги губеа и мечевите за пласман во финалето и малото финале.

Повеќе...

ВИДЕО: Зиба: „Не знам што се случи, судиите не би ги коментирал„

Poland vs Saudi Arabia 150122Qatar 2015 M45 POL vs KSA-OW 16316A xlarge

Од малкумината полски ракометари кои говорат некој странски јазик, измешано со тагата и незадоволството по мечот, единствено Зиба застана пред ТВ камерите и го искажа своето разочарување. Тажни, исфрустрирани и пак на чекор до целта, а сепак далеку од неа. Така делуваа полјаците, кои во второто полувреме не дојдоа до -1, до реми, а камо ли до водство.

Повеќе...