Раул Гонзалез е новиот селектор на македонската репрезентација
![]()
Шпанецот Раул Гонзалез денес беше официјално претставен пред медиумите како нов селектор на сениорската репрезентација на Македонија. Тренерот на Вардар, на прес-конференцијата што се одржа во просториите на РФМ, ги соопшти првите планови и очекувања за наредниот период во кој фокусот ќе биде ставен на натпреварите од Квалификациите за ЕП 2018 против селекцијата на Исланд.
Барса повторно ќе игра со Кил во четвртфиналето на Лигата на шампионите
![]()
Рајн Некар Левен загуби на домашен терен од Кил со 24:26 (12:12) и ја надополни минималната негатива од првиот натпревар (24-25). Ландин се покажа како клучен фактор кај „зебрите" и кога мечот се одлучуваше неговите одбрани беа одлучувачки.
Барса лесно стигна до 22 победа по ред во ASOBAL лигата
![]()
Барселона – Фригорификос Морасо 37:19 (19:11)
Ракометарите на Барселона се доближија до математичко потврдување на титулата во ASOBAL лигата. Вечерва во „Палау Блауграна" екипата на Чави Пасквал го победи тимот на Фригорификос Моразо како најава за четвртфиналето на Лигата на шампионите против еден од германските тимови кој ќе биде познат овој викенд.
Барса потпиша договор до крајот на сезоната со Антонио Гарсија
![]()
По сериозната повреда на Ласе Андерсон, шпанскиот шампион Барселона веднаш ја пронајде замената за левиот бек, за кого сезоната е завршена. Каталонскиот гигант потпиша договот со шпанскиот репрезентативец Антонио Гарсија, кој доаѓа од данскиот Колдинг.
Барса ја совлада и Висла и обезбеди четвртфинале во ЛШ
![]()
Барселона - Висла Плок (17:15)
Ракометарите на Барселона го освоија првото место во својата група на Лигата на шампионите и ќе играат директно во четвртфиналето. Во клучниот меч за потврда на првото место во „Палау Блауграна" шпанскиот шампион ја совлада Висла со 36-28 (17:15). Најверојатно во четвртфиналето противник на Каталонците ќе им биде подобриот од мечот Рајн Некар Левен и Кил.
21 меч и 21 победа за Барса во ASOBAL лигата
![]()
Ваљадолид – Барселона 25:38 (12:16)
Ракометарите на Барселона ја забележаа 21. победа во ASOBAL лигата, откако вечерва на гости го совладаа тимот на Атлетико Ваљадолид со 25:38 (12:16). Така воочи крајот на групната фаза на Лигата на шампионите, екипата на Пасквал се наоѓа пред уште едно остварување на целта.
Лазаров подели нова лекција, Кил извлече бод против Барселона
![]()
Кил – Барселона 27:27 (13:15)
Во меч на старите познаници на европскиот ракомет, во „Шпаркасе арената" во Кил, германскиот вицешампион и Барселона играа без победник 27:27 (13:15) во голема драма во која во финишот и едните и другите можеа да стигнат до победа.
Барса подобра и од Бенидорм во генералката пред гостувањето во Кил
![]()
Барселона – Бенидорм 38:28 (21:13)
Во првиот натпревар од 20 коло на ASOBAL лигата, Барселона го совлада Бенидорм со 38:28 (21:13) и го продолжи максималниот учинок на домашната сцена.
Барса вторпат го победи Флензбург и се зацврсти на врвот на групата
![]()
Барселона – Флензбург 26:23 (14:12)
Ракометарите на Барселона забележаа нова победа во групната фаза на Лигата на шампионите, откако во „Палау Блауграна" го совладаа германскиот Флензбург со 26:23 (14:12).
ВИДЕО: Кире Лазаров те поканува на камп: Седум дена тренинг и дружење со капитенот
![]()
Најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров, со видео покана до идните македонски ракометари за седум дена тренинг и дружење на неговиот, трет по ред, ракометен камп кој од 20 јуни до 2 јули 2017 година ќе се одржи во прекрасниот Охрид.




