hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Селекторот Лазаров го одреди поширокиот список за Светското првенство

svetskoposirok

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе го забележи својот десетти настап на Светските првенства на претстојниот 30. Мундијал, кој од 13 до 31 јануари 2027 година ќе се одржи во Германија. Предводени од селекторот Кирил Лазаров, македонските ракометари ќе настапат во групата Х, а сите натпревари од прелиминарната фаза ќе ги одиграат во Магдебург.

Нашиот предводник веќе го соопшти поширокиот список за Светското првенство.

Голмани:

1. Мартин Томовски
2. Васил Гогов
3. Никола Митревски
4. Иван Галевски
5. Марко Кизиќ

Леви бекови:

6. Филип Кузмановски
7. Дмитро Гориха
8. Павле Атанасијевиќ
9. Михајло Младеновиќ
10. Емилијан Гогоски

Средни бекови:

11. Марко Митев
12. Игор Ѓоргиев
13. Дамјан Митев
14. Мирче Калаџиевски
15. Мартин Ивановски

Десни бекови:

16. Давид Савревски
17. Мартин Велковски
18. Томислав Јагуриновски
19. Мартин Серафимов
20. Филип Николов

Леви крила:

21. Петар Атанасијевиќ
22. Марио Стојановски
23. Цветан Кузманоски
24. Иван Цонов
25. Гоце Олески

Десни крила

26. Александар Петковски
27. Ален Ќосевски
28. Никола Костески
29. Ненад Белистојановски

Кружни напаѓачи:

30. Самоил Ристески
31. Милан Лазаревски
32. Марко Стојковиќ
33. Жарко Пешевски
34. Михаил Аларов
35. Валентин Карасаманакис

Ждрепката во Минхен ѝ додели на Македонија поволна и атрактивна група во која носител е селекцијата на Исланд, а партиципираат и азиските претставници Јапонија и Бахреин.

Share