hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија покажа моќ и со убедлива победа ги почна евро-квалификациите

890970446 1459003389694789 5868754303442464194 n

Македонија - Луксембург 41:23 (20:10)

Македонската ракометна репрезентација победнички ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство 2028. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци на домашен терен ја оправдаа улогата на фаворит против Луксембург, славеа со 41:23 (20:10).

Мартин Томовски имаше 13 одбрани, во своето деби за националниот дрес, Горига постигна три гола. Костески постигна 6 гола, Петковски и Серафимов имаа по пет гола.

Следен противник на „црвено-жолтите" е репрезентацијата на Грција, дуел кој го играат на гостински терен во недела.

Share