hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Скратен списокот за Луксембург и Грција, ќе дебитира Дмитро Хориха

702280509 1311217431140053 2278037934952798175 n-1-1024x681

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави списокот на играчи на кои ќе смета за првите два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Во ноемврискиот „прозорец" ќе го пречекаме Луксембург и ќе и гостуваме на Грција, предизвици за кои Лазаров смета на 18 ракометари. Она што е најпечатливо е дека прв повик во националниот тим доби Дмитро Хориха кој неодамна доби „зелено светло" од ИХФ.

lazarov-spisok-konechen

Првиот собир е закажан за 1 ноември во 14:30 часот во хотелот „Александар Палас" во Скопје.

Share