Јапонија прв противник на македонската репрезентација во групата во Магдебург

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби противниците за, првата фаза на Светското првенство, што ќе се одржи 2027-ма во Германија.
Денешната ждрепка во Минхен, ја смести Македонија во Х групата, чии натпревари ќе се играат во Магдебург. Таму за противници нашите ракометари ќе ги имаат селекциите на, Исланд, Бхреин и Јапонија .Само последно пласираните репрезентации од секоја од осумте групи нема да обезбеди пласман во главната фаза.
Еве го распоредот на натпревари во групата:
15 јануари 2027
Македонија – Јапонија
Исланд – Бахреин
17 јануари 2027
Јапонија – Исланд
Македонија – Бахреин
19 јануари 2027
Исланд – Македонија
Бахреин – Јапонија
Доколку Македонија обезбеди место во главната фаза, тогаш ќе вкрсти со репрезентациите од групата Г, каде што се наоѓаат Данска, Словенија, САД и Ангола.




