hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Создаваме тим кој ќе ја прави Македонија горда и во иднина

700762261 1311217571140039 2778241532272161497 n

Селекторот на Македонска машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, не го криеше задоволството по убедливата победа над Словачка машка ракометна репрезентација од 38:23, резултат со кој Македонија обезбеди пласман на ново Светско првенство.

 

Македонските ракометари одиграа сигурен и доминантен натпревар, а Лазаров по мечот истакна дека пристапот и дисциплината на неговите избраници биле клучни за убедливиот триумф.

„Треба да бидеме задоволни без разлика на квалитетот на противникот. Словачка покажа против Украина дека поседува квалитет и не е лесно да се победи таква селекција. Им честитам на момците, бидејќи не се добива секој ден со 15 голови разлика. Одигравме сериозно и одговорно, а токму тоа го барав од играчите. Имавме одредени падови во играта, но генерално одигравме квалитетен натпревар. Важно е што и останатите играчи добиваат простор, бидејќи така создаваме поширок ростер за потешките натпревари што следуваат", додаде македонскиот селектор.

Лазаров посочи дека репрезентацијата постепено гради препознатлив систем и тимски дух, нешто што, според него, било една од главните цели во изминатиот период.

„Во последната година и пол создадовме група која се бори еден за друг. Играчите се дисциплинирани и никому не му е најважно кој ќе биде во прв план, туку сите сакаат Македонија да победува. Тоа е процес што го градевме долго и сега треба да го задржиме", порача Лазаров.

Селекторот потенцираше дека националниот тим минува низ голема генерациска промена, но и покрај тоа успева да остане дел од големите натпреварувања.

„Откако сум селектор, ова ќе биде шесто големо натпреварување во низа на кое ќе настапиме со речиси целосно променет состав. Процесот бара трпение, но успеавме да останеме на големата сцена и да создадеме тим кој ќе ја прави Македонија горда и во следните години. Не треба да си создаваме дополнителен притисок, но едно е сигурно, оваа репрезентација никогаш нема да се предаде против никого", заврши Лазаров.

Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи на 10 јуни во Минхен.

Share