hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

„Словачка е неатрактивен, но тоа не значи дека е неквалитетен противник“

bea14231-b393-4e07-b6b2-1c4dca7499821

Maшката ракометна репрезентација на Македонија вечерва гостува кај Словачка во првата од двете битки против селекцијата на Словачка за пласман на Мундијалот во Германија наредната година.

Словаците во вториот бараж ја елиминираа Украина и покажаа дека не смеат да бидат потценети, но Македонија ја има фаворитската улога во овој двомеч. За разлика од Македонија, која ќе брка осмо Светско првенство по ред, или вкупно десетто, Словачка нема играно на Мундијал цели 16 години.

„Влогот е многу голем, сите знаеме за тоа и ние и македонската јавност. Континуитетот на големите натпреварувања е уште еден притисок за сите нас. Противникот е неатрактивен, но тоа не значи дека не е квалитетен. Напротив, мислам дека треба да го почитуваме секој противник. Секогаш е тешко да се игра на гости, затоа очекувам тврд и физички тежок натпревар, со многу тензии. Но, сметам дека искуството е на наша страна кога станува збор за вакви натпревари", рече Лазаров.

Судии во Прешовќе бидат Украинецот Анатоли Новиков и Литванецот Миндаугас Гателис. Делегат е Петр Новак од Чешка.

Share