
Македонската ракометна репрезентација денес замина за Словачка, каде што на 14 мај во Прешов ќе го одигра првиот бараж-натпревар против словачката селекција за пласман на Светското првенство 2027.
Заедно со репрезентацијата кон Словачка патува и делегација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) предводена од претседателот Александар Стефанов, со цел да му даде поддршка на националниот тим пред важниот натпревар.
За патувањето е обезбеден чартер-лет, со што на репрезентативците им се овозможени максимални услови и целосен фокус во пресрет на дуелот со Словачка.