hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров го скрати списокот за бараж натпреварите против Словачка

rakomet-mkd-tim-2

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списокот на ракометари за пристојниот бараж со Словачка. Лазаров денес објави нов список од дваесет ракометари, откако на првиот имаше 35 имиња.

Со домашни сили, претежно од Алкалоид и Еурофарм Пелистер, двајцата вардарци Гогов и Лазаревски и единствениот интернационалец Томовски, македонската селекција ќе игра против Словачка.

spisok

Првиот натпревар се игра во Словачка на 14 мај, додека реваншот во Македонија е три дена подоцна. Собирот на селекцијата ќе се одржи на десетти мај во хотелот „Александар Палас"

Share