hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Фестивал на голови, Македонија потешко од предвиденото ја „скрши“ Естонија

martin

Македонија - Естонија 37:33 (20:20)

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Естонија со 37:33 во првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година.

Момците на Кире Лазаров имаа одличен старт на мечот, поведовме со 4:1 и ништо не наговестуваше неизвесност, но како што одминуваше времето Естонија играше се подобро и на полувремето се замина со нерешени 20:20.

На почетокот на вториот дел Естонија првпат поведе и со брза игра започна да ги загрижува нашите фанови на трибините. Лазаров повика минута одмор во 40. минута на -2 и веднаш дојде реакцијата. Серафимов и Џонов погодија и брзо натпреварот пак дојде во егал. Кизиќ на голот и Џонов од транзиција ја вратија предноста и Јанар Маги повика тајм-аут. Серафимов со три гола и Кизиќ со две одбрани го вратија натпреварот во мирни води и во 47. минута Македонија веќе водеше со 31:28. Следеше период на наши слаби реализации (промашен пенал и зицер), Естонија го искористи тоа и намали на 34:31, за мини-серијата на противникот да ја прекине Џонов со гол од крило. Серафимов промаши пенал при 35:32, но десниот бек погоди во последната минута за 37:33, резултат со кој на крајот заврши овој натпревар.

Серафимов постигна десет голови, по седум Митев и Кузмановски, а по три погодоци запишаа Џонов и Петковски.

Share