hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Ќе бидам поддршка за нашите ракометарки на секој натпревар!

kirepress

Македонија оваа година ќе бидe домаќин на Европското ракометно првенство за жени. Покрај во Скопје, шампионатот ќе се игра и во Подгорица и Љубљана.

Како најава за големиот спортски настан во нашата држава, Ракометната федерација на Македонија организираше прес-настан на кој покрај претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и ЕХФ Амбасадорот на шампионатот, Гордана Нацева, присуствуваше и комплетната македонска репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров.

„Сакам да му честитам на претседателот и Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за тоа што на Македонија ќе и овозможат да биде домаќин на едно натпреварување. Да се добие ваква организација е голема работа и се надевам дека сите заедно ќе се прикажеме во најдобро светло. Се надевам дека нашата публика ќе ја наполни салата и ќе даде поддршка на нашиот тим. И женскиот ракомет е во нагорна линија и се надевам дека во иднина ќе бидеме константни учесници на големите натпреварувања. Се работи добро и амбициозно и мислам дека сме на добар пат. Заслужуваме да имаме силен и женски ракомет. Ни претстои голем настан и можам да кажам дека ќе ми биде задоволство да бидам присутен на сите мечеви. Секогаш може од секого нешо да се научи. Поддршка од мене ќе имаат максимална. Аутсајдери сме, но фаворитите не победуваат сите секогаш", рече Кирил Лазаров.

Шампионатот ќе се одигра од 4 до 20 ноември, а натпреварите во Скопје ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски".

Share