
Ракометарите на Нант го освоија третото место на „Трофејот на шампионите" во Монбељард. Европскиот вицешампион го победи првакот на Франција ПСЖ со 45-46, дури по изведувањето на дури 23 пенали. Нашиот капитен беше прецизен двапати во пенал рулетот. Двете екипи погодуваа се до ударот на Сагосен, кој беше сопрен од Сифер и Нант победи со 45-46.
Лазаров постигна осум голови од осум обиди, Ривера даде 12, а Балагер беше стрелец на десет погоди. Кај ПСЖ се истакнаа Ремили со осум и Генсхајмер со осум голови.
Во финалето на Трофејот на шампионите попладнево ќе се сретнат Сант Рафае и Монпелје. Новата сезона во францускиот шампионат почнува следната среда, а титулата ја брани ПСЖ.