hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Монпелје го порази Нант на турнирот во Стразбур

kire turnir vo strazbur

Во реприза од финалето на Лигата на шампионите во Келн, вечерва во Стразбур, француските клубови Нант и Монпелје се соочија во турнирски дуел. Монпелје имаше повеќе енергија и стигна до победа од 31:27 (15:15). Дури во вториот дел екипата на Канаје го скрши отпорот на Нант и побегна на 26:20.

Од тој момент Монпелје ја задржа предноста, зголеми на 29-24 и стигна до очекувана победа. Во првиот натпревар на турнирот во Стразбур, францускиот шампион ПСЖ, предводен под водство на Раул Гонзалез, го победи Мешков Брест со 35-29.

Утре од 18:15 часот Нант ќе се сретне со Веспрем, што е дуел со поранешниот клуб за нашиот Кирил Лазаров.

Share