hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Раул прозиваше, селекцијата скоро комплетна за баражот со Романија

reprezen1212

Македонската ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките пред баражот со Романија за пласман на Светското првенство во Германија и Данска. На списокот на селекторот Раул Гонзалез за овој двомеч беа повикани 20 ракометари, но на првиот собир недостасуваа Филип Миркуловски и Филип Талески, кои вчера ги одиграа последните натпревари во Бундеслигата.

Наскоро селекцијата ќе биде комплетна и шест дена ќе тренира во Скопје. Првиот натпревар со Романија е на 10 јуни во Скопје, а реваншот на 13 јуни во Клуж.

Поуспешната селекција од овој дуел ќе обезбеди место на Светското првенство што ќе се одржи во јануари во Германија и во Данска.

Share