hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров и Гонзало го спречија подвигот на Адемар Леон за 101 победа по ред

kire 101

Барселона – Адемар Леон 26:25 (14:12)

Ракометарите на Барселона го прославија јубилејот од 100 победи во ASOBAL лигата со победа во 10 коло против Адемар Леон со (14:12).

Себастијан Симоне ги доведе гостите во водство со 0:1, но Каталонците брзо реагираа и преку Жалуз и Нодесбо во 3 минута првпат поведоа. Следуваа два гола на Сипржак и гол од контра и од позиционен напад на Кирил Лазаров за 8:6 на половина од првото полувреме.

Гостите од северна Шпанија не се предаваа и Хуанин Гарсија и Виеира погодија за 9:9, а потоа Нодесбо ја врати минималната домашна предност. Двете одбрани делуваа многу цврсто, се зголемија неизнудените грешки на одмор се замина со 14:12 и најсилен отпор што Барса за едно полувреме го добила оваа сезона во ASOBAL лигата.

На почетокот на вториот дел погоди Лазаров, се надоврза и Сипржак и Барса се одлепи на за 16:13. Крилата на Адемар Леон беа нивна најсилна страна и кога Хуанин Гарсија погоди во 41 минута резултатот гласеше 18:16.

Адемар Леон делуваше неверојатно мотивирано, а Барса никако не можеше да влезе во ритам. Лазаров погоди за 21:19 во 49 минута. Костоја Родригез со гол во 53 минута намали на 24:23 и го фрли притисокот врз шампионот. Лазаров го постигна седмиот гол за +2, но и тука не беше крајот. Гостите се вратија до 25:25 на влез во последната минута. Ласе Андерсон погоди за +1, а гостите ја загубија топката во последниот напад и Барса славеше со 26:25.

Во екипата на Барселона се истакнаа Гонзало со 20 интервенции, Лазаров со 7 и Нодесбо со 4 гола, а кај Адемар Леон одличен меч одиграа голманот Чупара со 18 одбрани, Виеира со 6 и Хуанин Гарсија со 5 гола. Овој меч беше добра генерална проба за Каталонците пред мечот од шестото коло на Лигата на шампионите против ПСЖ во Франција за време на викендот.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share