hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров и Барса по ланската „песна“ ја отвори новата сезона со голеада и победа

kire grann

Барселона – Гранољерс 37:26 (17:17)

Ракометарите на Барселона водени од Кирил Лазаров новата сезона во ASOBAL лигата ја започнаа со победа над соседот Гранољерс со 37-26 (17-17) со многу подобро второ, отколку прво полувреме.

Мечот започна израмнето и во првите 7-8 минути пет пати резултатот беше израмнет. Следеа головите на Жалуз и Кирил Лазаров за 7:5 за шпанскиот шампион во 10 минута. Домашната екипа играше одлично во нападот, но одбраната прими неколку наивни гола на почетокот.

bar-gran1

Седрик Сорондо со гол по убава акија во 11 минута предноста ја донесе на +3. Борко Ристовски на голот брзо собра 4 интервенции, а инерцијата го однесе мечот со многу голови и подобар напад, отколку одбрана. Фигуерас Трехо Мартинез го вратија Грањолерс на -1, но Лазаров погоди за 12:10.

Првото полувреме кон крај го приведе со гол Филип Јиха, но следеше реакција на Сисоко (два гола) и Канељас Решак за 17:17 на одмор.

bar-gran2

Сепак во второто полувреме Барса започна да игра добра одбрана, Лазаров ја полнеше мрежата на гостите и брзо предноста дојде до -+5. Од тој момент двете екипи заиграа егал во централниот дел од второто полувреме, за пак Лазаров со неколку ефектни гола да ја заврши приказната за финални 36:25.

Кирил Лазаров мечот го заврши со 7 гола од 8 обиди и неколку одлични асистенции, а Борко Ристовски бранеше во првите 30 минути и собра 4 интервенции. Во поразениот состав на Гранољерс најефикасен беше Монтеиро Да Силва со 7 постигнати гола Овие две екипи ќе се сретнат и во финалето на каталонскиот Суперкуп, откако лесно ги добија полуфиналните средби.

 

 

Share