hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија ги доби противниците за Мундијалот во Франција

zdreapka

Македонската репрезентација ги дозна противниците за Светското првенство во ракомет во јануари следната година ќе се одржи во Франција. На денешната ждрепка во Париз нашата селекција се најде во групата Б, а ривали ни се Шпанија, Словенија, Тунис, Исланд и Ангола.

Само против Ангола никогаш не сме играле, а со другите ривали имаме различни искуства. На Словенија и Тунис им должиме за поразите на последното Светско првенство и Олимписки квлификации. Само најдобрите четири од сите групи ќе се квалификуваат за осминафиналето, а финалниот меч е во Париз на 29 јануари 2017 година. Македонија по петти пат ќе се најде на завршниот турнир на еден Мундијал по учествата во Египет, Хрватска, Шпанија и Катар.

А група: Франција, Полска, Русија, Бразил, Јапонија, Норвешка

Б група: Шпанија, Словенија, МАКЕДОНИЈА, Исланд, Тунис, Ангола

Ц група: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле, Саудиска Арабија

Д група: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахраин, Аргентина

Share