
Синоќа на преполниот „Камп Ноу" Каталонците ја прославија двојната круна на фудбалерите на Барселона. Како дел од забавата се приклучија и ракометарите на Барселона на чело со Кирил Лазаров.
Тие беа поздравени од преку 90.000 луѓе. Ракометната секција на Барселона водена од Пасквал, а со нашиот Лазаров како прв клупски стрелец и во домашното првенство и во Европа освои пет титули оваа сезона, вклучувајќи ги и истите две кои ги исвоија и фудбалерите, шампионатот и Купот.