hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров се повреди во Гдањск, го очекува пауза од 7-10 дена

kireasobal13042016

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров заради повреда не настапи на денешниот натпревар од редовното 25. коло на ASOBAL лигата помеѓу Барселона и Анхел Хименез во Палау Блауграна кој домашната екипа го доби со 40-20 (17-11).

002

За време на олимписките квалификации во Гдањск Лазаров го повреди коленото и го очекува пауза од 7 до 10 дена. Така капитенот на нашата репрезентација ќе пропушти 2-3 натпревари од шпанскиот шампионат.

Сепак би требало да биде подготвен за клучниот меч во овој дел од сезоната на Барселона против Кил во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

 

 

Share