
Одличната сезона и остварувањето на зацртаните цели на Кирил Лазаров, не остана незабележана од страна на многу организации, федерации и структури во нашата земја. Така вчера и факултетот за физичко образование, каде Лазаров е вонреден студент, го награди со плакета како признание за најдобрата сезона во кариерата.
Наградата му ја врачи деканот професор д-р Вујица Живковиќ, а во признанието се вели дека Лазаров се наградува за особен продонес и афирмација на Факултетот, Универзитетот и државата од редот на врвните спортисти, студенти на факултетот за физичко образование, спорт и здравје.