hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Грањолерс, Хуанферса и Анхел Хименез во полуфиналето на Купот на Кралот

barca rakomet kup

Откако Барселона со две победи го совлада и елиминира тимот на Натурхаус Ла Роха, веќе ги знае и своите противници на завршниот турнир од Купот на Кралот на 6 и 7 јуни. Најголема драма имаше во четвртфиналниот меч помеѓу Грањолерс и Адемар Леон, во кој по продолжението каталонците обезбедија нов пласман на Final four, како и минатата година.

Таму е и тимот на Анхел Хименез по поразот од 2 разлика во Аранда, на домашен терен ја совлада Вила де Аранда со 29:24. Хуанферса од Хихон благодарение на повеќе голови постигнати во гости, го елиминира тимот на Хуеска, кој минатата година настапуваше на завршниот турнир. Така последно пласираната екипа во ASOBAL лигата го продолжува својот сон во националниот Куп. Терминот за ждрепката за полуфиналето и местото каде ќе се одржи завршниот турнир сеуште се непознати и ќе бидат официјализирани по Велигденските празници.

Share