Годината на Лазаров: 6 трофеи, 72 меча, 405 гола

Ракометните репрезентативци на Македонија добија неколку слободни дена, а мечевите со Израел беа последни од официјален карактер за капитенот Кирил Лазаров. Оваа година пропушти неколку мечеви заради полесни повреди или од превенција, но пак неговата статистика е беспрекорна.
Во 2014 година играше на европското првенство во Данска со македонската репрезентација, премиерно ја освои ASOBAL лигата, Купот на Кралот, АSOBAL Суперкупот, IHF Суперглоб, Каталонскиот Суперкуп и ASOBAL Купот. Имаше успешен јунски бараж со Грција и блескаше и на двата меча од квалификациите за ЕП во Полска, против Швајцарија и Чешка. Во овој момент е прв стрелец во тековната сезона на Лигата на шампионите, која во мај за малку му побегна во Келн. За прв пат во кариерата покрај ASOBAL лигата, го освои и Каталонскиот Суперкуп.
За споредба минатата година Лазаров ја заврши со 4 трофеи, исто така 72 одиграни меча и 381 постигнат гол. Пак е во светскиот идеален тим и најдобар десен бек на планетата. Еве ја деталната статистика на 7 на националната репрезентација и 77 на Барселона.
Клупска статистика - Барселона 2014:
ASOBAL лига - 30 меча - 135 гола
Куп на Кралот - 5 меча - 32 гола
АSOBAL Куп - 2 меча - 10 гола
ASOBAL Суперкуп - 1 меч - 6 гола
Каталонски Суперкуп - 2 меча - 12 гола
Лига на шампиони - 17 меча - 103 гола
IHF Суперглоб - 5 меча - 23 гола
ВКУПНО: 62 меча - 321 гол - 5,17 гола по натпревар
Репрезентативна статистика - Македонија 2014:
Европско првенство - 5 меча - 38 гола
Квалификации за СП Катар 2015 - 2 меча - 17 гола
Квалификации за ЕП Полска 2016 - 2 меча - 23 гола
Пријателски меч - 1 меч - 5 гола
ВКУПНО: 10 меча - 84 гола - 8,4 гола по натпревар
Клупска + репрезентативна статистика: - 72 меча - 405 гола = 5,62 гола по натпревар




