
Во изборот на националните спортски федерации, Агенцијата за млади и спорт преку седумчлениот спортски совет како спортските новинари од македонските медиуми ги избра најдобрите спортисти за 2014 година.Најдобар македонски спортист во странство сосема очекувано беше прогласен капитенот на ракометната репрезентација Кирил Лазаров

„Благодарам за ова признание кое лично за мене, но и ракометот како спорт, претставува и обврска за продолжување по патот по кој чекориме за успешна презентација на македонскиот спорт во интернационални рамки" рече Лазаров по добивањето на признанието.