hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров со рекорди кои ќе траат и траат

csm lazarov kiril-INTERVIEW-01-photo-uros hocevar 5e1b79efd7

Кирил Лазаров е носител на многу рекорди во европски и светски рамки. Доколку продолжи со ова темпо ќе постави многу високи стандарди за идните генерации. Неговите 64 гола на 8 меча оваа есен во Лигата на шампионите се најава за нешто големо во наредната 2015 година. Лазаров 14 година по ред е двицифрен меѓу стрелците во Купот или Лигата на шампионите, а 11 година по ред постигнува преку 50 гола во сезона, што е уникатен пример во историјата на ракометот.

Кирил Лазаров кој веќе ја мина магичната бројка од 1000 гола за својата репрезентација, се ближи до истото постигнување и во европските купови. Со 64 оваа полусезона, тој собра вкупно 942 гола само во европските купови за Борец, Пелистер, Загреб Кроација Осигурање, Фотекс Веспрем, Реновалиа Сиудад Реал (Атлетико Мадрид). Во овој податок македонецот е убедливо прв на листата на најдобри стрелци и во европските купови и во Лигата на шампионите на сите времиња.

Вечна листа на стрелци во Лигата на шампионите


1. Кирил Лазаров (Борец, Пелистер, Загреб Кроација Осигурање, Фотекс Веспрем, Реновалиа Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), Барселона ) - 942 гола

2. Сергеј Рутенка (Цеље Пивоварна Лашко, Реновалиа Сиудад Реал, Барселона) - 862 гола

3. Момир Илиќ (Горење, Гумерсбах, Кил, Фотекс Веспрем)- 453 гола

Share