hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

60 гола во шпанската есен на Кирил Лазаров

Barcelona-26-04-14-Balonmano-B 54406382717 54115221152 960 640

Спуштена е завесата на есенскиот дел на шпанската ASOBAL лига и Барселона како и минатата година со максимални 30 бода стана есенски првак, а Кирил Лазаров кој во Лигата на шампионите е прв есенски стрелец со 64 гола и на домашна сцена зад себе остава позитивна есен. Пропушти само два натпревари од превентивен карактер, а на останатите 13 меча беше постојано меѓу најдобрите и поединци и стрелци и собра 60 голови.

Од нив 40 постигнати од дистанца, 2 од линијата од 6 метри, 15 од 17 обиди од линијата за седум метри и 6 од контранапади со максимален учинок. Од соиграчите само новајлијата Гудјон Валур Сигурдсон со 70 гола е подобар стрелец од Лазаров, но за разлика од нашиот капитен ги одигра сите 15 мечеви. Арагон и Анхел Хименез се противниците со кои Лазаров беше најефикасен, постигна 7 гола. Само за потсетување минатата сезона Лазаров беше прв клубски стрелец во домашното првенство со 131 гол на 29 одиграни мечеви.

Share